Научете ги децата да помагаат во домот

0
908

Родителите треба да ги научат децата да помогаат во домашните работи.

Детето само треба да ги собере играчките, но треба да помага и за другите работи. Неколку трикови децата да се научат да помагаат во домот.

Мерете го времето

Децата сакаат предизвици. Кажете му на детето дека не може да ги собере играчките за 10 секунди, а потоа мерете го времето додека детето се обидува да покаже дека родителот греши.

Натпревар

Родителите и децата треба да се поделат на две екипи и да се натпреваруваат кој побрзо ќе ја сработи зададената задача.

Играјте по категории

Прво нека се соберат црвените работи, потоа сините, потоа малите, потоа големите и така натаму.

Листа на обврски

Малите деца до три години можат да ги стават пластичните садови и лажиците и вилушките во мијалникот или во машината за садови, додека постарите деца можат и ножевите и керамичките садови.

Табела на обврски

Родителот треба да направи табела со фотографии за секое дете и со илустрации (во вид на фотографиии или цртежи) за нивните обврски.

Извршување на обврските во замена за слобода

Тинејџерите сакаат да бидат независни, затоа родителот треба да им објасни дека луѓето кои се трудат и работат имаат привилегии. Тинејџерите ќе го исчистат домот за малку слобода.

 

Фото: www.clean-organized-family-home.com

[better-ads type='banner' banner='999' ]