Најлуксузните родилишта на светот

Соба со поглед на океан, скапа постелнина, па дури и шампањско е дел од описот на некои од најлуксузните родилишта 

0
495

Ѕидови обложени со махагони, бел кожеен кауч, модерни светилки и завеси, и поглед на океанот е само дел од описот на најлуксузните родилишта во светот и соби во кои престојуваат богатите мајки после породувањето.

Наместо делење на соба со „цимерки“, тие имаат вистински апартмани со кујна, скапа постелнина и шампањско.

Не е потребно да се набројува што се имаат во нив на располагање мајките затоа што во сите има хотелски услови, широки кревети за нив, кауч и удона фотелја за партнерот, ТВ со стотици канали, клима, чајна кујна, но и масажи, 24-часовно присуство на сестри и доктори, балкони и фасцинантни погледи од прозорците…

Еве кои се најлуксузните родилишта во светот:

1. Clinique des Grangettes – Женева, Швајцарија
Најпопуларната приватна клиника во Швајцарија е опкружена со парк и во неа годишно се раѓаат околу 1000 бебиња.

2. Matilda – Хонг Конг
Само за резервација на оваа прекрасна соба со поглед на Северното кинеско море треба да се издвојат 20 илјади долари. Во болницата нудат нега за детето според барањата на мајката, услугата е хотелска, купатилата се дизајнирани за нега на детето.

3. Chelsea & Westminster болница
Една од најголемите родиллни служби во Лондон, годишно се раѓаат таму околу 12.000 бебиња.

4. Prince of Wales, Сиднеј
„Не треба да се грижите за ништо освен за она за што сте овде“, гласи скратениот маркетиншки повик на ова Сиднејско родилиште упатен до мајките од цел свет. На располагање на мајките им се 24 часа, а кога мајките ќе се зажелат за сонце, на располагање имаат простран балкон и поглед на море.

5. Mt. Sinai Hospital – Њујорк
Оваа елитна болница се наоѓа во 5.улица во Њујорк со поглед на Централ Парк. Годишно имаат околу 12 илјади породувања и таму доаѓаат главно богатите мајки од „главниот град на светот“. Тука ги подучуваат мајките на доење, а пред да си одат добиваат серија фотографии со своето бебе.

6. Lakewood Family Birthplace – Канзас Сити
Во оваа болница во американската држава Мисури клучни се мирот и удобноста па мајките имаат на располагање простран апартман дизајниран во смирувачки и опуштен стил.

7. Cedars – Sinai Hospital, Лос Ангелес
Тука доаѓаат на свет децата на холивудските глумци и славните личности, а моеби е најпозната по тоа што таму се породила и Ким Кардашијан. Во апартманот моат да спијат и другите членови на семејството, мајките на доаѓање ги чека кошница за добредојде, а на избор е и вегетаријанско мени.

8. Rose medical center – Денвер
Станува збор за едно од најлуксузните американски родилишта.

[better-ads type='banner' banner='999' ]