Ова е можеби лоша вест за новопечените родители, но новото истражување покажало дека децата и не се нешто особено добро во вашиот живот. Ако сте забележале дека вашите пријатели и самите веќе почнале да основаат свои семејства, па и вас ве фатила желба за принова, можеби ќе размислите за тоа кога ќе слушнете што имаат да кажат стручњаците за ова прашање.
Имено, една научна студија покажала дека децата значително влијаат врз бројни работи во вашиот живот, од пари, до сон и со секс.
Бракот обично страда откако двојката ќе добие дете, а односот на сопружниците во 70 отсто од случаите се влошува во првите три години по раѓањето на детето. За тоа придонесуваат различни работи – од недостаток на интимност, недостаток на пари, разлики во ставовите околу воспитувањето на детето, до генерално помалку заеднички поминато време.
„Задоволството во бракот опаѓа по раѓањето на првото дете, и ако брачната двојка се води од логиката дека детето ќе ги зближи, многу греши – истакнува психологот Елен Волкер за списанието ‘Psychology Today’.
Сонот е исто така нешто на што младите родители можат да заборават. Во првите две години родителите ќе изгубат шест месеци сон, затоа што во просек ќе спијат околу 2,5 часа секоја ноќ.
Секако, тука е и забележливиот пад на стандардот по раѓањето на детето.
Истражувањата спроведени во Анмерика велат дека детето чини и до 13 илјади долари годишно. Тоа значи деа до неговата 17.година ќќе имате трошок од околу 233.000 долари. И не само тоа, туку истражувањата покажуваат дека мајките имаат околу три отсто помали плати од жените кои немаат деца.
На крајот, тука е проблемот со пренаселеноста на планетата. Научниците предвидуваат дека ако продолжиме со ова темпо, до 2050.година ќе има повеќе од 10,5 милијарди луѓе на земјата, дека ќе ни снема вода и храна, а и место за живеење.
Затоа, заклучуваат тие, ако немате деца, со тоа всушност ја спасувате планетата.
Овој текст крена голема прашина на интернет, иако и во самиот заклучок се наведува дека ова не е обид луѓето да се одвратат од родителството, туку е само начин да им се сврти вниманието на луѓето на тоа колку е родителството всушност одговорна и тешка работа.