Најдобрите и најинтересни совети од сите страни на светот

Иако се сите деца на светот исти, очигледно е дека сепак не е исто дали сте родени во Македонија, Франција или на Полинезија

0
266

Без оглед на тоа каков родител сте, дали сте опуштени или како хеликоптер постојано го надлетувате, сигурни сме дека можете многу да научите од паметните, проверени и востановени совети од родителите кои живеат во различни земји, односно, во различни култури на сите страни од светот.

А дури и да не научите ништо – ова е всушност совршен доказ дека кога се децата во прашање, ништо и никој не може да тврди дека само еден стил на воспитување е добар, дека само една рутина е вистинската и дека само ваквите или онакви одлуки се добри.

Па да видиме кои одлики ги красат родителите во различни земји од светот:

Италија – детските испади едноставно игнорирајте ги

Малите Италијанци можат колку што сакаат да се трескаат од земја, зато аштои нивните родители ќе им дозволат да се испукаат и самите да сфатат дека таквото однесување не е добредојдено, односно, дека со такво однесување нема да го добијат она што сакаат.

Полинезија – поголемите деца се најдобри дадилки

Границата до која исклучиво мајките се „дадилки“ на децата, е воозраста од околу една година, односно, додека не проодат, а потоа делумно грижата за нив ја преземаат постарите браќа и сестри. Заради чувството на одговорност и приврзаност.

Франција со децата се зборува како да се возрасни

Со нормален глас, без заобиколување и криење на вистината – така ги учат на сериозност и почитување.

Индија – малите деца нема зошто да спијат сами

Ако прашате една обична мајка во Индија зошто нивните деца немаат свои соби или барем свои кревети, тие ќе се запрепастат од таквата идеја. Кај нив децата се во заеднички кревет барем до шест години.

Данска – свежиот воздух е многу важен за детското здравје

Без оглед на температурата и временските прилики децата се надвор. Големите си играат дури и на дебел минус, а и малите бебиња спијат на отворено. Во количка, на свеж воздух. Дури и ако мама е дома и готви ручек.

Јапонија – нека се осамостојат што поскоро

Во земја со една од најниските стапки на криминал, нормално е среде ден, среде град да видите петгодипно дете – само. Сами се возат во автобуси и со јавен превоз, а се со цел што побргу да се осамостојат. Тоа кај нив е сосема нормално.

Австралија никаде без капа

Една од најважните работи кое секое австралиски дете мора да ги научи уште од мало е тоа дека надвор не смее да се оди без капа. Тоа е идеја на новото време и е поврзано со нивната клима, но е правило кое се почитува во секој дом.

Кореа – меѓуоброк, што е тоа?

Корејските родители не ја разбираат смислата на притискање на децата да изедат парче овошје, кекси или јогурт. Кај нив се јадат оброците, а секое дете знае дека до следниот оброк нема да добие ништо. И затоа многу подобро го ценат она што го имаат во чинијата.

Кенија – децата ги одгледува селото

Иако секое дете во Кенија има мајка и татко, а многу често и браќа и сестри, за нивното воспитување и безбедност не се одговорни само оние кои се во сродство со детето, туку буквално целата заедница.

Англија – фалење не е дозволено!

Една од карактеристиките на англиските родители е дека мајките, татковците, ниту децата немаат со што да се фалат едни пред други. Детето проодело побрзо од другите, јаде повеќе од другите, сака да и помага на своите родители? Кому му е грижаЍ Такво фалење е едноставно непристојно!

Аргентина децата одат да спијат кога и родителите

Ако мама и тато одат некаде на вечерно дружење, со нив одат и децата, а ќе спијат тогаш кога на спиење ќе одат и родителите. Освен ако не прилегнат ид замор некаде сами. Ќе спијат исто толку долго колку и родителите. И знаете што? И таквите деца ќе бидат сосема океј

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]