Ако вашиот тинејџер има профили на социјалните мрежи, проверувајте што прави таму. Немојте да мислите дека е тоа задирање во нивната приватност затоа што податоците за големиот број тинејџерски трагедии на социјалните мрежи се повеќе зборуваат во прилог на тоа дека токму виртуелниот свет е најопасното место за нив.
Покрај податоците за малтретирањето од страна на врсниците во училиште, најновите податоци велат дека дека тоа не е ништо наспроти малтретирањето во виртуелниот свет. А тука дефинитивно предничат Инстаграм и Фејсбук.
Ова го открило британско истражување кое на оваа тема се спроведува секоја година, а 2017.е очигледно година во која сајбер злосторниците најчесто напаѓаат токму на овие две социјални мрежи.
Злосторниците се добро скриени зад мониторите и целно ги напааѓт оние за кои ќе проценат дека на нив можат да ги лекуваат своите фрустрации, а тинејџерите, иако тоа во глобала го сфаќаат, сепак не го согледуваат целосно проблемот. Така страдаат невини жртви на сајбер булинг кои, што е уште полошо, не знаат, не сакаат или се срамат да им признаат на своите родители, старатели или некои други повозрасни одговорни лица од нивното опкружување, дека се злоставувани.
Затоа прашањето за задирањето во приватноста денеска е многу покомплексно од порано, затоа што не е исто дали мајката ќе претура по фиоките и во дневникот на својот тинејџер или одвреме навреме ќе провери што се случува во паралелниот свет во кои денешните деца практично и поминуваат повеќе време отколку во реалниот свет.
Особено ако забележите дека вашето дете, без оглед дали има 12 или 18 години, нешто го мачи, а не сака да зборува со вас за тоа.
Споменатото истражување опфатило 10.020 лица на возраст помеѓу 12 и 20 години, а вели дека интернетот остава се полоши последици на децата и дека на тој феномен мора некако да му се стави крајот.
Децата, тинејџерите и адолесцентите кои на своја кожа ги почувствувале забите на сајбер злосторниците, признале: 42 отсто од нив го доживеале тоа на Инстаграм, 37 отсто на Фејсбук, 31 отсто на Снепчет, а интересно е дека всушност најпопуларниот интернет канал, Јутјуб, е најбезбеден, со само 10 отсто пријавени случаи од споменататa бројка на злоставувани деца од ова истражување.
Еде од 10 пријавени случаи се случиле во рок од една недела пред пријавата. 50 отсто од пријавите се однесуваат на злоставување поради изгледот, 24 отсто од нив се злоставувани поради приватните податоци што ги објавиле за себе, 27 отсто од децата пријавиле злоставување заради податоци, фотографии и видеа кои ги објавил некој друг, против нивна волја, 18 отсто од пријавите се пријавени погрешно (намерно, без да постои вистинско злоставување).
Со истражувањето е опфатено и самото однесување на злоставувачите, а дури 12 отсто од нив признале дека понекогаш се однесуваат одвратно кон своите врсници и дека се и тоа како свесни за ова. Најчесто се правдаат со тоа дека тоа станало „нормално“. Тоа значи она што со години се повторува: однесувањето на тинејџерите на интернет има се појасни конотации на лоши и повторувачки обрасци на однесување и тоа е нешто што родителите не смеат да го занемарат.
Децата на оваа возраст се почувствителни дури и од малите деца, па обрнете внимание на овој дел од нивниот живот бидејќи последиците можат да бидат многу полоши отколку што мислите, а често оставаат и трајни последици.