Му забранив на маж ми да ги бања нашите ќерки

Статусот на една мајка предизвика лавина од коментари на Фејсбук, а нејзиниот сопруг е лут и вознемирен

0
2546
15 May 2014 --- Father and toddler daughter playing at bath time --- Image by © Romona Robbins Photography/Corbis

Мајка на три деца од Австралија со својата неодамнешна објава на Фејсбук покрена лавина коментари на кои, веројатно, не им се надевала.

Имено, кога на својот сопруг му забранила да ги бања нивните ќерки, тој бил лут и вознемирен. Бидејќи не можела да ја разбере неговата реакција, одлучила да ја сподели нивната ситуација со пријателите на Фејсбук.

Оваа двојка од Австралија има две ќерки и син, а во својата објава зошто му забранила на сопругот да ги бања девојчињата, објаснила дека ѝ е непријатно кога гледа како маж, иако станува збор за татко, бања девојчиња затоа што тие имаат „различни делови на телото“.

„Сопругот е вознемирен затоа што му кажав дека не сакам тој да ги бања нашите две ќерки. Мислам дека мајките треба да ги бањаат девојчињата, а татковците синовите. Мајките и ќерките имаат исто делови на телото, како што имаат исти делови мажите и синовите. Сопругот мисли дека размислувам за него на болен начин, но за мене е тоа така од секогаш.

Денеска луѓето често играат на картата „бев злоупотребуван“ и не сакам на своите деца да им давам можност да размислуваат за тоа“, напишала Австралијанката на Фејсбук.

Нејзиниот статус ги поделил мислењата, па додека некои ја разбираат, други ја напаѓаат дека го третира сопругот како педофил.

„Не би требало да размислуваш така затоа што со тоа го изедначуваш својот партнер со педофилите“.

„Оваа објава многу зборува за тоа како се гледаш себеси, како и за твојот негативен начин на живот“, напишала една жена и додала колку е тажно што не му дава на својот сопруг да ги бања своите деца.

„А што е со самохраните родители? Зарем тие би требало да престанат да ги бањаат своите синови и ќерки за секој случај?“, се само некои од бројните коментари.

[better-ads type='banner' banner='999' ]