Малолетничка бременост – од прва рака!

Тоа беше грешка. Прво за што размислував беше да направам абортус. Имав само 15 години. Но после сите совети и уверувања, одлучив да ја преземам одговорноста.

0
764

Малолетничката бременост не е нешто што се случува само таму некаде, туку е проблем кој ги погодува сите меридијани и треба да му се посвети сериозно внимание и да се спроведат мерки за спречување на појавата која неповратно го менува не само животот на тие бебиња, туку и на нивните малолетни родители, најмногу на младите мајки.

Овој пример можеби не е од овие простори, но е искрена приказна за искуство од прва рака и сите грижи, проблеми и сурово болната вистина која оваа млада девојка (Меделин, од Колумбија) одлучила да ја сподели со светот:

„Тоа беше грешка. Прво за што размислував беше да направам абортус. Имав само 15 години. Но после сите совети и уверувања, одлучив да ја преземам одговорноста.

Мојата ќерка денеска има 3 години. Морав да се откажам од многу нешта. Не можам да одам на факултет. Не можам да излегувам, да патувам. Мојот живт сега не е ништо повеќе од рутина. Робувам за да платам кирија. Работам седум дена во неделата во казино за минимална надница. Морам да ја издржувам баба ми и сестрите. Мајка ни не напушти пред неколку месеци за да замине да живее со некој маж.

Никогаш не сум зборувала за ова. Се држам во себе затоа што никому не му е ни грижа. Дури и кога сум среќна – никому не му е гриа. Се грижам единствено за среќата на ќерка ми. Мислам само за нејзината иднина. Имам надеж за неа. Но не и за себе“.

Никој не би требало да се најде во ситуација да носи животни одлуки на возраст на која е тоа невозможно, особено не на начин на кој ѝ се случило на оваа храбра тинејџерка. Нема врска што ова се случило „таму некаде“, затоа што слични ситуации има и кај нас.

Имено, малолетничката бременост е голем проблем, не само неразвиените земји, туку е глобален, светски феномен.
Од Обединетите Нации алармираат дека, доколку не се запре порастот на малолетнички бремености во светот, бројот на мајки помлади од 15 години од сегашните два милиони годишно, до 2030 година би се искачил на три милиони!

[better-ads type='banner' banner='999' ]