Мајките што редовно „мрчат“ прават важна работа за иднината на децата

Ако ќерката редовно ви префрла дека многу „мрчите“, слободно потапкајте се по грбот затоа што истражувачите од Есекс универзитетот тврдат дека вршите одлична работа за нејзиното воспитување.

0
15492

Без оглед дали сте мајка или ќерка, веројатно знаете колку е тежок односот помеѓу децата и родителите, но ќе ве израдува веста дека сето тоа време додека сте им додевале на своите деца, не отишло залудно. Сигурни сме дека ве излудувало или ве излудува константното додевање на вашите родители кои не престануваат си барањата да ја исчистите собата, да го напишете домашното или да не останувате предолго надвор. Меѓутоа, сите тие иритантни наредби имале или допрва ќе имаат многу важна улога во формирањето на вашата иднина.
Ерика Раскон-Рамирез ги следела животите на 15.000 девојки од 2004. до 2010. година и открила дека девојките чии мајки биле понаклонети кон додевање пораснале во успешни жени во споредба со оние чии родители биле значително поблаги кога станува збор за воспитувањето.
Ќерките чии мајки ги форсирале напорно да учат почесто успевале да завршат факултет и процентуално значително поретко останувале бремени во тинејџерските години.
Меѓутоа, можеби најинтересната работа која таа ја открила се однесува на девојките кои редовно им се спротивставувале на на своите мајки и се правеле дека не ги слушаат нивните совети.
– Без оглед на тоа колко се трудиме да ги игнорираме советите на своите родители, тие на крајот сепак имаат големо влијание на нас, всушност, многу поголем отколку што можеме да замислиме – тврди Рамирез.
Затоа, следниот пат кога ќерката ќе ви каже дека не сте воопшто „кул“, кажете и да оди во својата соба и да учи, да ја среди куќата или да ги измие садовите. Можеби тоа ќе ја изнервира, но нема да помине многу време пред да сфати дека мајката сепак најдобро знае.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]