Мајките лекуваат подобро од се!

Мајчината близина влијае на секој елемент од здравјето на бебето, вклучувајќи ја работата на срцето, регулацијата на дишењето на бебето, апетитот, ослободувањето на хормони, но и интензитетот на активности.

0
931

Британскиот завод за здравство препорачал бебињата кои не се потешко болни и на апарати да им се препуштат на нега на мајките.

Илјадници болни новороденчиња би требало да бидат пуштени дома со своите мајки, наместо да се задржуваат на одделенијата за интензивна нега, се вели во извештајот на британскиот завод за здравство (National Health Service). Контактот кожа на кожа со мајката, е од животна важност во првите неколку часови по раѓањето затоа што помага да се регулираат дишењето на бебето, отчукувањата на срцето и температурата. Исто така, овозможува зближување на мајката и детето и го помага подоцнежниот развој, како поттикнувањето на доењето.

Извештајот на британскиот Завод за здравство ги повикува лекарите да им дозволат на мајките да останат со новороденчињата, дома или во болница. Овој извештај се однесува на илјадници новороденчиња кои се родени помеѓу 37. И 40.недела, со жолтица, ниско ниво на шеќер во крвта или проблеми со дишењето.

Околу 90.000 бебиња во Велика Британија се примени на одделенијата за интензивна нега секоја година, а бројките пораснале за 24 отсто од 2011.година. Контактот кожа на кожа подразбира близина на мајката и бебето, а мајчината близина влијае на секој елемент од здравјето на бебето, вклучувајќи ја работата на срцето, регулацијата на дишењето на бебето, апетитот, ослободувањето на хормони, но и интензитетот на активности.

Се препорачува на децата кои не се сериозно болни да им се дозволи да си одат дома со мајките и да се вратат на потребните тестови и третмани. Исто така, бебињата со потешки компликации би требало да бидат на одделенијата со своите мајки, се додека трае лекувањето.

Др. Мајк Даркин, директор на британскиот завод за здравство, за Дејли мејл рекол: „Тука станува збор за постигнување на вистинска рамнотежа, за да можат децата на кои им е потребна помош од стручњаци, колку што е можно побргу да бидат излекувани и пуштени дома и за да го поминат тој период со своите мајки“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]