Мајка извадила пиштол среде тепачка за тетратка

Враќањето во училиште може да биде многу стресно, а купувачите во Волмарт, во Мичиген, виделе како стресот може да се преобрази во насилство

0
229

Купувачите во Волмарт, во Мичиген во екот на шопингот по повод почнувањето на училишната година, биле сведоци на тоа како стресот може да отиде во друг правец и да се преобрази во насилие откако една кавга за тетратка завршила со вадење на пиштол.

Се се случило кога две двојки жени пазареле во гратчето Нови, близу Детроит. Една од нив посегнала по последната тетратка на полиците во исто време со друга жена. Тоа доведува до расправии околу сопственоста над скапоцената тетратка и до поттурнувања. Кога две жени, една на возраст од 46 и друга на возраст од 32 години, се фатиле за коси, мајката на 20-годишна девојка инволвирана во кавгата, извадила наполнет пиштол и го усмерила кон нив.

„Таа го извади пиштолот и им рече да престанат да ја напаѓаат нејзината ќерка додека го држеше пиштолот вперен во нив“, изјавил полицаецот Скот Баетенс.
„Тоа беше бесмислено дело на насилство од почеток до крај“. Полицијата сега соработува со обвинителите за да се обиде да утврди дали активностите на жената може да се класифицираат како самоодбрана. Жената имала валидна дозвола за оружје.
Во случај да се прашувате, победници во борбата за тетратка биле ќерката и мајката која извадила пиштол.

[better-ads type='banner' banner='999' ]