Кралство на жени: Мосуо, тибетанско племе во кое бракот не постои

Во ова племе веќе 2.000 години владеат жени, а мажите никогаш не го водат главниот збор. Обично и не знаат од кој маж им се децата, но тоа и не е важно зашто за децата се грижат вујковците

0
1002

Замислете си општество без татковци, без бракови (и разводи) и кадешто не постои семејство. На чело на масата седи бабата, а нејзините синови и ќерки живеат со неа, заедно со децата на нивните ќерки. Мажите се само нешто малку повеќе од пастуви, донори на сперма и често имаат мал дел во воспитувањето на своите деца.

Ваков феминистички поредок постои во тревната долина во Јунан, јигозападна кинеска провинција, во далечното источно подножје на Химелаите.

Древната племенска заедница на тибетанските будисти се вика Мосуо и тие живрат на неверојатно модерен начин: жените се третирани исто како и мажите (ако не и како посупериорни), двата пола имаат приближно ист број на сексуални партнери и ослободени се од осуди.

Децата во ова племе им припаѓаат само на мајките, нивните биолошки татковци живеат во посебен матријархален семеен дом.

Од перспективата на аутсајдер, Мосуо може да биде гледано како заедница на самохрани мајки.

„Децата се раѓаат надвор од брак што е во Кина се уште необично. Но членовите на племето Мосуо не ги гледа работите на тој начин: за нив, бракот е незамислив концепт и детето е без татко едноставно затоа што нивното општество не обрнува внимание на татковството. Семејство постои, но во друга форма“, вели Чо Ваихонг, успешна адвокатка која го посетила ова племе пред неколку години.

Секое семејство се состои обично од 10 или повеќе членови, но целиот имот е секогаш во рацете на жените. Она што е специфично за ова племе е што тие практикуваат еден вид на отворен, либерален брак, кадешто на жените им е дозволено да имаат толку љубовници колку што сакаат.

Мажите можат да дојдат во куќата кај некоја жена кога таа ќе го посака тоа, да ја помине ноќта со неа, но мора да си оди пред да се раздени. Доколку жената не сака врска со својот дотогашен љубовник, симболично ги става машките чевли пред својата врата, давајќи му на знаење дека неговото место е зафатено.

Врските помеќу мажите и жените можат да подразбираат незадолжителни односи можеби на една ноќ или редовно гледање со продлабочување на емотивните односи кои можат, но не мора да завршат со раѓање на бебе. Двојките никогаш не живеат заедно.

Жените го поседуваат и го наследуваат имотот, сеат посеви, се грижат за домаќинството и ги воспитуваат децата и тоа е сосема во ред. Мажите ораат, градат и ги поправаат куќите, ловат животни и учествуваат во големите семејни одлуки. Но последниот збор секогаш го има бабата. Иако мажите немаат татковска одговорност, вообичаено е жените да не знаат кој е татко на нивните деца. Вујковците се поважни од татковците: тие се грижат за децата, а кога вујковците ќе остарат, внуците ја преземаат грижата за нив.

Со живот кој е фокусиран на матријархат, мајчинството е животна цел. Никогаш не се доведува во прашање дали жената сака или не сака деца, тоа едноставно не е еден од нивните избори. А што ако не можат да имаат деца или раѓаат само машки деца? Тогаш ќе посвојат дете од некое друго семејство или почесто од семејството на роднините.

Извор: National Geographic

[better-ads type='banner' banner='999' ]