Иако некои жени веднаш забележуваат одредени симптоми кои ги наведуваат да се посомневаат дека се бремени, сомнежите можете да ги потврдите најбрзо со помош на тест за бременост. Само четири дена по оплодувањето, оплоденото јајце почнува да го произведува хормонот human chorionic gonadotropin (hCG). Постоењето на овој хормон најпрвин може да се открие во крвта, а 1-2 дена пред очекуваната менструација и во урината.
Бидејќи проверката на бременоста со помош на домашните тестови е брза и едноставна многу жени ги користат домашните тестови за бременост веднаш штом поминат неколку денови од очекуваната менструација. Теестовите за бременост го откриваат постоењето на хормонот hCG во урината.
Во мал процент тестовите можат да покажат лажно позитивен тест, затоа што доколку нема hCG хормон нема на основа на што да покаже позитивен тест, исклучок е кога е тестот неисправен, односно, со грешка.
Лано негативен тест пак може да добиете доколку овулацијата ви била подоцна и концентрацијата на hCG хормонот во урината се уште не е доволна за да може тестот да ја открие. Во тој случај се препорачува тестот да се повтори за 4-5 дена доколку во меѓувреме не добиете менструација.
На пазарот постојат голем број разни производители на тестови за бременост, главно кај сите нив, резултатот се добива за помалку од 5 минути и се сигурни дури до 97%.
Ако е резултатот на тестот негативен, а вие имате знаци на бременост, советувајте се со својот лекар. Ако е резултатот на тестот позитивен, договорете преглед кај лекарот кој ќе виу даде натамошни инструкции околу започнувањето на пренатална здравствена заштита.