Колку долго треба да се дојат децата? До 7-8 години?! (Видео)

Една мајка споделува видео од доењето на својот 4-годишен син за да ги окуражи мајките да продолжат да го прават тоа се додека нивните деца самите не се одвикнат

0
574

Софи Роуз вели дека сака да им помогне на другите жени без срам да дојат и постари деца, но и самата мора да се одбрани од многубројните критики.

Таа го постирала видеото од доењето на својот 4-годишен син Шеј на специјализираниот Јутјуб канал наречен ‘Sophie Joy’s Breastfeeding Mama’, во обие да се нормализира продолженото доење на децата.

„Мислам дека со ова што го правам им помагам на другите мајки кои сакаат да ги дојат децата и покрај тоа што тие повеќе не се бебиња. Мислам дека видеото на кое јас го дојам без срам мојот 4-годишен син им испраќа порака дека е тоа сосема во ред“, вели таа.

Госпоѓа Роуз е 40-годишна Британка која живее во Тајланд со својот син и со нејзиниот партнер Дени.

На својот канал на Јутјуб таа вели дека нема намера да престане да го дои Шеј се додека тој самиот не се одвикне од ова. Претпоставува дека тоа би можело да се случи кога тој ќе биде стар околу 7-8 години.

[better-ads type='banner' banner='999' ]