Мислите дека едно- две деца носат доволно среќа, а притоа животот да не ви е преполн со стрес, одговорности, задачи и куп детски работи расфрлани по подот? Некој кој има само едно дете често едвај го претуркува денот и се прашува како можат тоа да го издржат родителите со повеќе деца. Во такви денови веројатно и самите често си помислувате каков би бил вашиот живот ако имавте повеќе деца. Сигурно не посреќен од сега.
Но тоа не е точно!
Барем така тврдат психолозите од Универзитетот Australia’s Edith Cowan кои после пет години проучување и истражување дошле до заклучок дека се најсреќни луѓе, односно, родители, оние кои имаат четири и повеќе деца!
Ова истражување го водел психологот Бронвин Харман која со својата екипа испитала стотици родители обидувајќи се да открие кои од нив се навистина најсреќни, односно, чии семејства уживаат во најквалитетен исполнет живот. Меѓу испитаниците се нашле навистина различни типови на луѓе – помлади, постари, од урбани и од рурални средини, со помалку или со повеќе деца, а целта била да се дознае колкав број на деца ги прават луѓето најсреќни. При објавувањето на резултатите, докторката Харман изјавила дека и самата била изненадена од резултатите. Таа сметала дека на крајот ќе се покаже дека родителите со поголем број на деца се помалку среќни од оние кои имаат едно, две или најмногу три деца.
Мислевме дека на таквите родители ќе им биде полесно да уживаат во среќата со нешто повеќе слободно време, но очигледно згрешивме и нашиот заклучок после се е дека родителите со повеќе од тројца деца се посреќни не самои заради количината на слободно време туку заради времето кое го вложуваат во грижата за своето семејство.
Но важно е да се нагласи дека повеќето родители со повеќе од четири деца, а кои јасно и гласно дале на знаење дека одгледувањето на нивните деца ги усреќува и тоа затоа што отсекогаш планирале да имаат големи семејства. Тоа е животен стил кој самите го одбрале, кој го планирале и во кој сега бескрајно уживаат.
Друга работа се пак оние кои планирале да имаат многу деца, но очигледно не го испланирале добро својот живот, па денеска повремено дури и жалат затоа што за одгледување на повеќе деца сепак се потребни барем сигурни финансии, повеќе шростор и слободно време за да им се посветите.
Среќата поврзана со одреден број на деца зависи од тоа колку деца навистина сакате, но докажано е дека ако навистина сакате максимално да им се посветите на своите деца, ќе бидете посреќни и позадоволни со повеќе деца. Впрочем, докажаноп е дека и децата кои растат во големи семејства стануваат самостојни порано и секогаш имаат со кого да си играат, односно, секогаш има кој да им помогне.