Кои намирници се најчести причинители за алергии

Пет до шест проценти од децата помлади од три години се алергични на некоја намирница. Важно е да се препознаат знаците на алергиска реакција затоа што кај некои деца таквите реакции можат да бидат и опасни по живот.

0
975

Алергиите на храна можат да бидат предизвикани од речиси сите видови на храна, овошје и зеленчук, па дури и месо.

Пет до шест проценти од децата помлади од три години се алергични на некоја намирница. Важно е да се препознаат знаците на алергиска реакција затоа што кај некои деца таквите реакции можат да бидат и опасни по живот.

Кај возрасните алергиите на храна многу ретко исчезнуваат, додека децата, алергиите на некои намирници како што се млеко и соја, едноставно ги прераснуваат, за разлика од алергиите на кикирики, риба и ракови од кои и децата не можат лесно да се ослободат. Повеќето деца ќе пораснат без никакви алергии, но некои реагираат на одредени намирници.
Постојат намирници кои се директни виновници за дури 90 отсто од сите алергиски реакции на храна. Тоа се млеко, јајца, кикирики, јаткасти плодови (бадеми, ореви, лешници), риба, ракови, соја и пченица. Наведените намирници се најголема опасност за алергичарите затоа што можат да предизвикаат многу силни и опасни по живот реакции. Дури и ако почетната реакција е блага и се чини дека детето спонтано се опоравува, треба да се однесе итно на лекар кадешто ќе го набљудуваат 24 часа; понекогаш се јавува секундарна реакција која е многу посериозна од онаа првата.
Важно е алергиската реакција да се препознае што побргу. Симптоми на алергијата на храна се појавуваат за неколку минути или најмногу два часа откако детето ќе ја изеде храната на која е алергично.
Некои од симптомите на алергии:

Чувство на гребење на грлото, плитко дишење (недостаток на здив), јадеж, отоци, отекување на грлото, лицето или усните, вртоглавица, пролив, повраќање, грчеви во стомакот, пад на крвниот притисок, промена на бојата на кожата (бледа или синкаста).
Кој било од овие симптоми на алергии на храна не треба да се занемаруваат, затоа што можат да имаат кобни последици. Ако се сомневате дека е вашето дете алергично на храна, тестирајте го кај алерголог за да видите на кои намирници е алергично и колкава доза од алергенот може да предизвика кај него реакција. Ако детето доживее само една сериозна алергиска реакција, советувајте се со детски алерголог. Децата кои имаат астма се посклони да доживеат сериозна алергиска реакција отколку другите алергични деца. Детето кое има сериозни алергиски реакции би требало да носи некој знак за предупредување (на пример, медицинска алка) на кој би требало да биде напишана алергијата и по можност, на што е алергично.

[better-ads type='banner' banner='999' ]