Кога ќе проговори моето дете?

Иако отприлика се знае на која возраст што треба да знае да прави, важно е да се запамти дека секое дете е посебна индивидуа, па и неговиот психомоторен развој е сосема индивидуален. Затоа, мајки, престанете да се „натпреварувате“!

0
1147

Многу родители непосредно по раѓањето на детето се прашуваат дали нивното новороденче слуша, кога само ќе може да го држи исправено главчето и грбот … На сите можни прашања, можно е да се дадат одговори, а тие одговори лежат во психомоторниот развој.

Моторниот и психичкиот развој се неделиви. Меѓу секое дете постојат индивидуални разлики, а големо влијание врз психомоторниот развој има и средината во која расте детето.

Важно е да се запамти дека секое дете е посебна индивидуа, па и почетокот и развојот на говорот се сосема индивидуални.

На почетокот новороденчето е без цврстина, а неговите движења се неволни, случајни. Тоа не е во можност ниту да го крене главчето од перничето, ниту пак да ги држи грбот и главата исправени. Во текот од првата година од животот, детето учи самостојно да седи, да стои и да оди.

Психомоторниот развој на детето тече по одреден редослед.

Непосредно по раѓањето детето не гледа и не слуша (затоа што средното уво е исполнето со слуз).

Кога ќе наполни две недели почнува да разликува светлина од темнина, а помеѓу третата и шестата недела почнува да ги забележува предметите.

Детето ги следи предметите со очите од три месеци и почнува да се врти кон изворот на звуците. Звуците почнува да ги разликува од шест месеци, а со наполнети девет месеци, почнува да ги разликува боите. Интересно е тоа што детето прво ја забележува црвената боја.

Во вториот месец од животот детето го крева главчето кога лежи на стомак, ги следи со очи предметите и луѓето што се движат, ја врти главата од светлото и се смее.

За третиот месец од животот е значајно тоа што детето прави волни движења, ја препознава мајката и шишенцето од кое се храни.

Во четвртиот месец детето може да седи со придржување, често со нозете се опира од тлото, ги става рачињата во уста и гласно се смее.

Во шестиот месец детето подобро ја одржува рамнотежата. Тоа е во можност да седи без потпирач и самостојно да го држи шишенцето. Ги разликува личностите кои му се познати од непознатите. Сака играчки.

Во осмиот месец детето стои без придржување. При играњето ги става играчките во уста. Почнува да изговара самогласки. Интересно е тоа што помнењето му е кратко – трае само неколку дена.

Во десетиот месец детето ползи и ги прави првите чекори со придржување. Реагира на своето име.

Кога ќе наполни 12 месеци самостојно ги прави првите чекори. Повторува зборови.

Кога ќе наполни 18 месеци детето ги контролира мокрењето и столиците во текот на денот. Кога ќе наполни три години, тоа го прави и дење и ноќе.

[better-ads type='banner' banner='999' ]