Кога бебињата треба да почнат да спијат во своја соба?

Постојат мислења дека бебето треба да спие со родителите се додека не наполни една година, но новите истражувања ја намалуваат таа граница на шест месеци. Тие тоа го поткрепуваат со аргументите дека бебето спие подолго кога е во своја соба.

0
1161

Повеќето мајки по породувањето спијат во иста соба со бебето затоа што така си го олеснуваат напорното станување среде ноќ заради доење или менување на пелени. Но како што растат, бебињата стануваат побучни во текот на ноќта, не јадат толку често и родителите се прашуваат кога е вистинско време да ги одвојат од себе и да ги преместат во нивните соби.
Постојат мислења дека бебето треба да спие со родителите се додека не наполни една година, но новите истражувања ја намалуваат таа граница на шест месеци. Тие тоа го поткрепуваат со аргументите дека бебето спие подолго кога е во своја соба.
Истражувањето покажао дека бебињата кои се од четвртиот месец одвоени од родителите спиеле во просек 40 минути подолго од бебињата кои ја делат собата со родителите.
Заедничкото спиење на родителите и бебињата влијае на сонот и на едните и на другите, затоа што нормалните ноќни звуци се претвораат во постојани будења и пореметувања на текот на сонот. Кога се родителите близу бебето реагираат на неговите кратки пореметувања а тоа уште повеќе го буди бебето кое се навикнува на таквите реакции и понатаму не може без нив.

[better-ads type='banner' banner='999' ]