Во периодот на размислување за второ дете, многу мајки почнуваат да се прашуваат која би била идеалната разлика помеѓу две бремености. Ова прашање е многу важно затоа што разликата во годините помеѓу децата битно влијае врз нивниот меѓусебен однос, односот со родителите и мислењето за себе подоцна во животот
Многу деца во семејствата се раѓаат на отприлика исто временско растојание помеѓу децата. Најчесто, барем вака навидум, тоа е периодот од 4 години.
Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Тенеси кое покажало дека идеална разлика помеѓу децата е помалку од една година или повеќе од четири години, се чини дека е ова оправдано.
Џени Кидвел, професорка вклучена во истражувањето, наведува дека на децата помлади од една година им е полесно да се прилагодат кон новото бебе затоа што се уште не се чувствуваат главни во семејството. Исто така, децата постари од четири години имале можност да бидат центар на светот и можат да се прилагодат на приновата.
Меѓутоа, стручњаците не препорачуваат ниту предолго одложување на втората бременост заради истражувањата кои покажуваат дека се чести појавуите на раѓање на бебиња со мала родилна тежина и предвремено породување кај мајките кои чекале повеќе од пет години за втората бременост.
Во заклучокот од истражувањето се наведува дека премногу малата или преголемната разлика помеѓу две бремености зголемува одредени ризици затоа што на телото на жената и е потребно одредебно време за да ги обнови своите резерви од витамини и мнинерали за да се препороди од бременоста и доењето.
Секако, родителите се тие кои треба да ја донесат таа одлука во моментот кога тие се чувствуваат подготвени и кога можностите кои тие ги сметаат за важни во животот им дозволуваат.