Тие се слатки, прекрасни и лесни за одгледување, но се филозофски настроени со малку чуден смисол за хумор и забава. Но се разбира дека не е страшно ако и вашето дете е такво, затоа што не е единствено ниту пак е ретко.
Еве пет јасни знаци на стармалост, за да видите во која „фаза“ е вашето дете или детето на некој што го познавате.
- Повеќе сака да чита отколку да си игра
Со време можеби ќе посакате да чита помалку, а да си игра повеќе, „како сите останати деца“.
- Не му пречи ако мора да си игра само
Сами во својот свет, не затоа што не се сложуваат со никој друг, туку затоа што им е така позабавно, без туѓи упади и пречки.
- Најмногу сакаат да бидат во друштво со своите баба и дедо.
И тоа време многу сакаат да го поминат во разговор.
- Полни се со емпатија кон другите
Дури и ако никој не ја бара нивната помош, мало стармало дете без проблем ќе го остави својот соло проект за да види кој плаче во негова близина. Нивната „стара“ душа не може да одолоее да не помогне.
- Многу се самостојни и одговорни
Можеби веќе сте забележале дека вашето мало дете покажува огромна одговорност, но тоа е уште еден знак колку е вашето мало дете всушност повеќе возрасна личност отколку дете. Во оној класичен смисол на зборот.