Како се дои во различни положби? (ВИДЕО)

Доењето не мора да биде секогаш во истата положба. Напротив, менувајте го во зависност од тоа дали доите дома или надвор, ноќе во креветот или попладне во дневна. Деталниот опис на положбите видете го во едукативното видео.

0
1894

Положбите за доење треба да бидат удобни затоа што доењето може да трае и до 30-40 минути.

За успешно доење е клучно да се чувствувате добро и удобно и вие и бебето.

Бирајте положби кои најмногу ви одговараат со оглед на тоа дали се уште се опоравувате од породувањето, дали имате поголеми или помали гради или сакате да го ослободите заостанатото млеко од градите.

Секогаш придржувајте го главчето на детето, во секоја положба гледајте главата да биде во линија со телото и внимавајте на тоа носот да е слободен за детето да може да дише.
Погледнете во видеото за да видите како треба да се дои во различни положби.

[better-ads type='banner' banner='999' ]