Како најлесно да му ги исечете ноктите на вашето дете?

0
1034

Речиси и нема дете кое не плаче, не мрда и не вреска кога се обидувате да му ги исечете ноктите. Во такви моменти е речиси невозможно да го смирите детето затоа е подобро да преземете нешто пред да почне драмата.

1. Сечете им ги ноктите додека спијат

Почекајте бебето цврсто да заспие, а потоа полека влезете во собата и бидете тивки. За бебињата е ова наједноставен начин, а може да се примени и кај поголеми деца, најважно е да се во длабок сон па затоа пред да почнете проверете дали дише длабоко и мирно.

2.  Одвлечете им го вниманието со нешто друго

Какви ножички? Погледни ја оваа количка! Како и во многу други ситуации кога станува збор за мали деца, одвлекувањето на вниманието со нешто друго е често единствено решение. Само бидете многу брзи затоа што наскоро ќе забележи дека не може да ја користи едната рака или нога.

3. Побарајте помош

Другиот родител или некој друг од семејството може да ви помогне затоа што е тешко да му се сечат нокти на дете кое цело време мрда и се врти ваму-таму. Додека вие му ги сечете ноктите, некој друг може да му го одвлече вниманието на нешто друго.

4. Направете посебна атмосфера

Кога детето ќе стане поголемо веќе ќе можете од ова да направите посебно доживување. Слушајте музика, смислете некоја игра, а можете и да му понудите награда за брзо сечење на ноктите.

5. Користете ножички за деца

Купете посебни ножички за деца кои имаат заоблени врвови па така ќе ја намалите можноста од повреда во случај детето малку да се помрдне.

6. Дозволете им сами да се обидат да си ги исечат ноктите

Како што стануваат посамостојни, децата сакаат да контролираат се повеќе работи околу себе. Така кога ќе дојде вистинскиот момент дозволете им да пробаат сами да си ги исечат ноктите, но само со ножички за деца…и секако, бидете до нив.

7. Поткупете ги

Овој метод му е познат на секој родител. Кога ќе пробате се и сепак не успевате да го смирите за да можете да му ги исечете ноктите, ви преостанува само да му понудите нешто што сака и брзо да го решите проблемот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]