Пред да му ставите капки или маст во окото на бебето, треба да си ги измиете рацете. Потоа, подгответе ги капките да ви бидат при рака. Земете го детето, така што главата ќе му биде благо наведната наназад. Капнете една до две капки во долниот агол, никако директно во окото и внимавајте да не го допрете окото со пипетата за да не ја преземете инфекцијата и да ја пренесете на другото око.
Прим. д-р Марина Поп-Лазарова