Како мајката може да влијае врз самодовербата на ќерката?

Многу експерти се сложуваат дека најголем подарок што може да ѝ го дадеме на нашата ќерка за да биде срдечна и успешна во животот е големата самодоверба.

0
596

Меѓутоа, она што го покажуваат истражувањата е дека нивото на самодовербата на мајката и начинот на кој таа се однесува и се изразува кон себе има големо влијание врз самодовербата на ќерката.
Еве што можете да направите за да имате позитивно влијание врз развојот на самодовербата на вашето девојче.

Бидете нејзин најголем фан

Охрабрувајте ја, фалете ја и помогнете ѝ да ги открие своите таленти. Потрудете се секојдневно да ја гледате својата ќерка со љубов и редовно да ја потсетувате колку е убава.

Влевајте ѝ сила

Дајте ѝ сила да ги препознае своите посилни страни. Објаснувајте ѝ уште од малечка дека сме сите различни и дека никогаш не треба да се вклопува и да се претопува со околината. Охрабрете ја да ја бара сопствената дефиниција на среќата. Ќе помогне ако отворено и искрено разговарате за вашите тинејџерски години кога сигурно и самите сте сметале дека треба да се вклопувате со средината. На овој начин нема да се чувствува осамено.

Отворете ѝ ги очите

Децата секојдневно гледаат ТВ, интернет и весници кои се полни со слики на „идеални“ жени. Свртете им го вниманието на техниките кои се користат во изработката на овие фотографии. Медиумите имаат тенденција да претставуваат измислена слика за жената и не можат да служат како пример.

Бидете ѝ пример

Студиите зборуваат дека нивото на самодовербата на мајката повеќе влијае врз самодовербата на ќерката отколку нејзиното образование, професијата, заработувачката или висината на коефициентот на интелигенцијата. Затоа запрашајте се какви можат да бидат уверувањата на вашето дете ако се базира само на вашите зборови и акции.

Дајте ѝ обврски

Обврските се важни за изработка на самодоверба затоа што веваат чувство на одговорност. Не е важно дали е тоа спростирање на алишта, бришење на прашина или средување на собата.

Дајте ѝ можност да ги решава сопствените проблеми

Со помош на вашата љубов и чувството на сигурност што ѝ го давате вашата ерка може да научи да верува во себе и во својата способност за решавање на пробемите. Немојте секогаш да ѝ ги олеснувате работите и да ѝ нудите готови решенија, туку дозволете ѝ самата да најде излез.

Внимавајте како зборувате за себе

Мајките со ниско ниво на самодоверба често се бомбардираат себеси со навредиви и понижувачки пораки. Начинот на кој зборувате за себе е многу важен дел од вашето вијание врз вашата ќерка.

Внимавајте како зборувате за другите

Зборовите имаат големо влијание на вашето девојче. Добро размислете пред да прокоментирате нечиј изглед, било позитивно или негативно. Негативните коментари влијаат на развојот на нездрава претстава за убавината. Претерано позитивните коментари ја нагласуваат важноста на одредени карактеристики. Користете коментари кои им влеваат самодоверба на жените околу вас и вашето девојче е има вистински поглед на работите.

Зацврстете ги здравите навики во исхраната

Децата се порано почнуваат да се грижат за тежината, за диети и за симнување на килограми. Не го потценувајте своето влијание затоа што размислувањата на детето можат да потекнуваат токму од вас. Запрете ја својата опсесија со изгледот, диетите и бројот на калории што ги внесувате.
Планирањето, купувањето и готвењето се добра можност за разговор со вашата ќерка, но и можност таа да научи повеќе за храната и да ѝ креирате здрав однос кон храната.

Негувајте ги своите вредности и интересирања

Одвојте време за себе. Не само што ќе ѝ испратите на ќерката вистинска порака туку и самите е се осллободите од стресот. Негувањето на лични интереси и хоби, значително влијае на зголемување на самодовербата, ни дава внатрешен сјај и ни ја враќа насмевката на лицето.
Најдете заеднички интерес, обидете се возите заедно со велосипеди, да цртате, да одите на јога или било што друго.

Сменете само една работа

Жените никогаш не се задоволни со себе и се жалат на работи како што се, помеѓу останатото, бојата на косата или очите. Има работи кои не можеме да ги смениме, но има и такви мали едноставни ситници кои можат да ни посужат да испратиме позитивна порака и да водиме сметка за себе. Вашата ќерка ќе научи да ги прифаа своите несовршености но и да смени некоја ситница која е ѝ помогне да се чувствува подобро. Само една мала промена значително може да ја поправи нашата самодоверба.

[better-ads type='banner' banner='999' ]