Како изгледа денес најубавото дете на светот

Кристина Пименова денеска има 12 години, а веќе работела за најпознатите модни куќи, како Армани и Долче и Габана и на Инстаграм  има повеќе од 2 милиони следбеници.

0
1551

Кристина Пименова е родена во Москва во 2005 година, а првата година од животот ја поминала во Мец во Франција каде луѓето постојано и зборувале дека е родена да биде модел. Првата ревија ја имала на тригодишна возраст и оттогаш не застанала!

Досега Кристина била на повеќе насловни страници, меѓу кои и на насловната страница на детската верзија на магазинот „Вог“, а веќе ги рекламирала „Бенетон“ и Роберто Кавали.

Кристина Пименова е светска сензација, но и повод за многу дебати на тема: дали е во ред малолетниците да работат како модели?
Девојчето ја почнало кариерата такашто одела на модни ревии со својата мајка на која одделни дизајнери почпнале да и зборуваат дека нејзината ќерка е прекрасна и дека би требало да снима реклами.

Kristina Pimenova

Оттогаш наваму нејзините фотографии кои мајка и ги објавува на Инстаграм предизвикуваат лавина од негативни критики на социјалните мрежи со оглед на тоа што, според многумина, тие имаат сексуална нота.

Нејзината мајка Гликерија Пименова на овие обвинувања одговара:

Не прифаќам вакви обвинувања. Тврдам дека сите фотографии се апсолутно невини. Никогаш не барам од неа да заземе некоја поза, едноставно ја фотографирам како ќе застане, а некогаш тоа го правам дури и без да забележи таа.

Мора да размислувате како педофил за да видите нешто сексуално во тие фотографии, додаде таа.

Kristina Pimenova beautiful top-model photo

[better-ads type='banner' banner='999' ]