Положбата на детето во матката има поголемо влијание врз породувањето од тежината на детето, па затоа ако е детето наместено во оптимална положба, со главата надолу, тоа ќе излезе лесно. Односно, мајката полесно ќе роди големо бебе наместено во оптималната положба за породување, отколку мало бебе кое се наоѓа во лоша положба.
Оптимална положба на бебето
Оптимална положба е онаа кога детето е свртено со главата надолу, со грбот свртен кон стомакот на мајката, а со лицето кон нејзиниот грб. На тој начин бебето најлесно поминува низ карлицата. Ваквата положба се нарекува occipito anterior (OA). Повеќето бебиња се наоѓаат во таа положба. Ако е бебето свртено налево, во лекарскиот наод таа положба ќе биде означена со лев occipito anterior (LOA). Ако е свртено надесно, ознаката е десен occipito anterior (ROA).
Бебиња свртени со лицето кон стомакот на мајката
Некои бебиња се наоѓаат во положба во која се свртени со лицето кон стомакот на мајката и таквата положба с енарекува occipito posterior (OP) и обично предизвикува подолго пораѓање. Кога е бебето во оваа положба често доаѓа до болки во грбот во текот на пораѓањето. Долготрајното седење во фотелја или во автомобил може да се зголеми веројатноста дека бебето ќе ја заземе таа положба. Имено, со оглед на тоа што грбчето на бебето е потешко од нејзиниот преден дел, нејзината тежина ќе го повлече во оној правец во кој сте вие потпрени. Од друга страна, ако се наведнувате нанапред постои можност бебето да се сврти со грбот кон вашиот стомак.
Како да влијаете врз положбата на бебето?
Постојат трикови со кои можете да го поставите бебето во оптималната положба за породување:
• седнете на столицата наопаку, такашто ќе се потпрете со рацете на наслонот кадешто обично се потпира грбот
- седнете на столицата такашто стапалата да ви бидат во рамнина на подот и наведнете се нанапред такашто стомакот да ви виси помеѓу колената
- Користете пилатес топка за седење
- Ако на работа многу седите, редовно станувајте за да прошетате.
- Читајте ги гледајте телевизија такашто ќе седите на коленици, потпрени со рацете на перници или на пилатес топка
• Наместете се на четири нозе и правете лесни кружни движења со колковите - седете на перница додека се возите со автомобил
- легнете на левиот колк и положете ја десната нога пред левата (и задолжително ставете перница помеѓу колената)
- пливајте или лебдете во вода на стомак
Идеални седечки положби:
- Седечка положба во која сте со грбот потпрени на мека софа или столица
- „Турско седење“ (со скрстени нозе)
Поминувајте што повеќе време во положби во кои сте наведнати напред а колковите ви се под нивото на колената, особено од 34-тата недела на бременоста па натаму, доколку ви е ова прва бременост или од 37-мата недела па натаму доколку веќе сте биле бремени.
Како да ја дознаете положбата на вашето бебе?
Освен на ехо, положбата на бебето можете да ја одгатнете и самите во последното тримесечје од бременоста. Следните упатства важат само доколку е бебето наместено со главата надолу.
Легнете на грб на рамна подлога или стојте на нозе и пробајте со рацете да го напипате делот од бебето кој е тврд и долг. Тоа е веројатно грбот. Онаа страна од стомакот која е мека на допир е веројатно местото кадешто се наоѓа водата, односно, страната која е спротивна од грбот на детето. Тркалезниот дел кој можете да го напипате веднаш после грбот е веројатно газето. Размислете како и каде детето најмногу удира – она место кадешто чувствувате силни движења е местото кадешто најверојатно се наоѓаат колената или нозете, а местото кадешто чувствувате понежни движења е веројатно местото кадешто се наоѓаат лактите или рацете. Кога знаете каде се грбот и газето, рацете и нозете, ќе можете да ја визиуализирате положбата на вашето бебе. Главчето е малку потешко да се напипа особено ако е длабоко во карлицата. Погледнете како се прави тоа тука.