КАКО ДА СИ ГО ОЛЕСНИТЕ ПОРОДУВАЊЕTO

0
1277

Во текот на бременоста, а посебно во третото тримесечје, почнуваат подготовките за породување. Некои трудници одат на часови и на вежби за опуштање при породувањето, некои многу читаат и се информираат за различни техники на раѓањето, некои размислуваат за средства за намалување на болките, или дури и за царски рез. Подготовките за породувањето се важни, бидејќи некои техники за олеснување на породувањето навистина ќе ви бидат од корист кога ќе настапи тој чин.
Гинеколозите ви даваат неколку совети како да си го олеснете периодот на зачестени контракции.

ОПУШТАЊЕ И ВИЗУАЛИЗАЦИЈА

Кога контрaкциите ќе станат поинтензивни, потребно е колку што е можно да се опуштите, иако вашиот природен инстинкт ќе ви го зборува спротивното. Доколку успеете да се опуштите, не само што вашето тело подобро ќе го поднесе самиот процес на породување, опуштањето ќе ја релаксира матката и ќе овозможи попродуктивни контракции, па ќе му овозможи на вашето тело да лачи ендорфин, кој, всушност, е природна материја за ублажување на болките. Доколку доволно се опуштите и не сте под стрес, ќе му овозможите на вашето бебе подобро снабдување со кислород. Освен тоа, на тој начин ќе ја сочувате силата за самото породување и ќе бидете помалку исцрпени кога бебето ќе дојде на свет.
Некои жени успеваат да се опуштат преку вештина на визуализација. Тоа е нешто што можете да го вежбате во текот на бременоста, така што ќе бидете спремни кога породувањето ќе почне. Тоа можат да бидат визуализации на се што ве прави среќни и опуштени, без разлика дали замислувате како лежите на мирно и тивко место, како што е зелена ливада, сончева плажа, удобна софа, или нешто слично што ве релаксира. При тоа е важно да го одржите чувството на среќа и смиреност што, исто така, ќе ви помогне да се опуштите.
Корисно е и да ги визуализирате контракциите како нешто друго, на пример, секој бран на контракции можете да го замислите како еден чекор во качување на врв на брдо.

ДИШЕЊЕ

Правилното дишење исто така ќе ви помогне да се опуштите. Во текот на контракциите, не заборавете да дишете рамномерно, длабоко и полека. Фокусирајте се на дишењето, така што ќе ги тргнете мислите од контракциите и опуштете се.
Кoрисни совети за техники на дишење кои ќе ви помогнат да се концентрирате:

  • Во текот на контракциите, вдишете низ нос и полека издишувајте преку уста. Помеѓу контракциите потребно е да дишете сосема нормално и опуштено.
  • На некои жени им помага создавањето на малку бучава при издишувањето како што е „ммм“ или „ааа“.
  • Фокусирајте се на некој друг, на пример, на вашиот партнер, акушерка, или едноставно на некој предмет во просторијата и насочете го дишењето во тој правец.
  • Доколку вашиот партнер присуствува на породувањето, поттикнете го да ви зборува додека издишувате, така што при секое издишување уште повеќе ќе се опуштите и ќе бидете фокусирани на зборовите кои ги изговара.

 

ПРОНАОЃАЊЕ НА ПОДОБРА ПОЛОЖБA
Положбата на телото игра голема улога во олеснувањето на породувањето. Во текот на контракциите обидете се да ја менувате положбата на телото, и пронајдете го онаа која ви е најпријатна. Секако се препорачува да се движите и да не лежите цело време во истата положба. Во првата фаза од контракциите се препорачува:

  • Исправена положба на телото која ќе го поттикне производството на хормоните неопходни за породување, а ниту влијанието на гравитацијата во оваа положба не е на одмет.
  • Положба со раширени нозе – клечење или седење исправено на столот, што ќе и помогне на вашата карлица да се рашири и да направи повеќе простор.
  • Положбата во која вашето тело е наведнато напред – тоа ќе помогне да се прошири просторот помеѓу грбот и долниот дел на карлицата. Во таа положба мускулите на матката попродуктивно ќе ја извршуваат својата улога, а бебето ќе има повеќе простор.

Доколку, сепак, ги заборавите сите совети, техниките на дишење, положбите и визуализацијата, не грижете се. Породувањето е природен процес и потребно е само да ја задржи контролата и да го следите својот инстинкт.

[better-ads type='banner' banner='999' ]