Како да се спречи трагедијата: Рецепт на учителка која успешно ги штити своите ученици од врсничко насилство

По трагедијата што се случи во училиштето во која работи, учителката од Колорадо, одлучила да стави крај на малтретирањата на врсниците и дала фантастичен пример на просветните работници низ светот.

0
2100

По трагедијата што се случи во училиштето во која работи, учителката од Колорадо, одлучила да стави крај на малтретирањата на врсниците и дала фантастичен пример на просветните работници низ светот.

Понекогаш децата толку добро ги кријат сите проблеми и малтретирања низ коишто поминуваат во училиштето, па учителките или професорите тешко воопшто да забележат дека постои проблем кој мора да се реши.

Токму за тоа е свесна учителката на која писателката Гленон Дoлј Мелтон и посветила колумна. Во неа ја опишала средбата со една од учителките на својот син Чес која во текот на разговорот и признала дека секоја недела се обидува да го препознае злоставувањето на учениците во својата училница.

– Седнавме на неколку минути и зборувавме за тоа како подучувањето на децата е света должност и одговорност. Се согласивме дека математиката и читањето не се најважните работи коишто се учат во училниците – објаснува Гленон.
Секој петок учителката ги замолува своите ученици да извадат парче хартија и на него да ги напишат имињата на четири деца со кои би сакале да седат во текот на наредната недела.
Учениците се свесни дека нивните барања можат и не мора да бидат исполнети. Исто така, мораат да издвојат еден ученик кој таа недела им бил исклучителен пример на сите.

Откако учениците ќе си заминат дома, учителката ги распоредува тие парчиња хартија пред себе и ги проучува.

– Со кого никој не сака да седи?
– Кој не може да напише ниту една личност со која би сакал да седи?
– Кого никој не го забележува?
– Кој минатата недела имал многу пријатели, а оваа ниту еден?

– Таа не бара нов распоред на седење за исклучителните ученици. Таа ги бара осамените деца. Оние кои тешко се поврзуваат со другите деца. Ги идентификува малите деца кои стануваат жртви на училишниот социјален живот. Веднаш на лице место се распознава кого малтретираат и кој малтретира – објаснила Гленон.

Како мајка, мислам дека ова е најбрилијантната стратегија со која некогаш сум се сретнала. Секој учител и професор знае дека злоставувањето најчесто се случува надвор од нивниот видокруг и дека злоставуваните деца премногу се исплашени за на некого да му се доверат. Но, вистината изглегува на виделина на оние мали приватни парчиња хартија – додала Гленон.

Учителката потоа пронаоѓа начини за децата кои се отфрлени да ги интегрира во друштвотто.

Гленон прашала колку долго го користи овој метод, а таа одговорила:
„Од пукањето во училиштето „Колумбајн“. Секој петок по пукањето во „Колумбајн“.“

Споменатата трагедија се случила на 20 април 1999 година во САД. Тој ден Ерик Харис и Дилан Клеболд, ученици во средното училиште „Колумбајн“, убиле 12 соученици, еден професор и раниле 24 лица, а по пукањето извршиле самоубиство. Ерик и Дилан со години биле мета на малтретирање од врсниците.

– Оваа брилијантна жена сфатила врз основа на тој пример дека насилството започнува поради исклучување. Секој вид насилство од околината започнува со внатрешната осаменост. Ја гледала таа трагедија и знаела дека децата кои не се забележуваат можат еднаш да прибегнат кон тоа дека сите мора да ги забележат по секоја цена. Одлучила да се бори против насилството навреме и често, во околината која и е надофат. Тоа што таа го прави спасува животи. Убедена сум во тоа. Таа го пронаоѓа проблемот и на осамените деца им ја пружа помошта која им е потребна – заклучува Гленон.

Фото: www.yumama.com/Shuttersock

[better-ads type='banner' banner='999' ]