Како да одгледате дете без комплекси: 5 фрази кои родителите треба да ги заборават

Многу родители сонуваат нивното дете во иднина да стане независна и успешна личност со силен карактер. Но честопати не знаеме зошто наместо ова тие израснуваат во животно неприлагодени личности.

0
1009

Кога и покрај сите напори што ги вложиле, родителите ќе се соочат со своите деца кои наместо независни и успешни личности израснале во животно неприлагодени личности полни со комплекси, тие остануваат во недоумица: „Како се случи тоа?“ Според психолозите, дури и една навидум невина фраза може да влијае врз психата на детето. Затоа, кога зборувате со своето дете темелно бирајте ги зборовите и сфатете го ова сериозно. Еве пет фрази на кои родителите треба да заборават еднаш засекогаш.

„Кога јас бев колку тебе, бев одличен ученик!“

За секое дете родителите се луѓе кои знаат сѐ. Тие го формираат односот на детето кон светот околу него, и кон самото себе. Во фразата „Кога јас бев колку тебе, бев одличен ученик!“, детето гледа конкуренција. Децата кои често ја слушаат оваа фраза, целиот живот во семејството нешто докажуваат. Од една страна, тоа е добро, но притоа личноста остварува нешто не поради себе, туку поради родителите. Ова го прави за родителите да увидат дека е вредно за нив. Практилно, таквата личност никгаш не ужива во своите успеси.

„Не те сакам кога не си добар“

После оваа фраза детето може да почне да се труди да биде добро. Но притоа ги отфрла сите свои потреби и желби и се обидува да ги погоди туѓите очекувања. На родителите тоа им одговара, но идентитетот на детето останува скриен. Кога ќе порасне ќе продолжи да ги задоволува сите и да живее со мотото: „Сакам да ме сакаат, а затоа морам да го правам она што го сакаат другите“.

„Тања на полугодие беше скроз одлична, а ти имаш четворки“

Ваквите споредби се болно искуство. Децата ги пренесуваат во својот живот и како возрасни. На децата им е многу непријатно кога ги споредуваат со други. Во својот иден живот таквите личности продолжуваат да се споредуваат со другите, но не во своја полза. Оваа фраза нема да предизвика кај детето да стане подобро.

„Не ме срами“

Заради ваквата фраза кај детето почнува да се развива комплекс. Тоа мисли дека е тоа срам, не само за мајката и таткото, туку и за останатите. Децата сакаат внимание, но не знаат што да прават со него. Тие се кријат, се затвараат и стануваат изгубени.

„Не сакам ни да те видам ни да те чујам“

Детето кое живее со оваа фраза, живее со чувство на вина пред родителите, затоа што им смета за да живеат добро. Бидете внимателни со изјавите од овој тип.

Овие пет фрази треба да ги исклучите ако не сакате кај вашето дете да се формираат комплекси. Зборувајте му на вашето дете повеќе за вашата љубов кон него, за тоа какви добри особини има и за тоа колку се гордеете со него. И тоа ќе даде сѐ од себе!

[better-ads type='banner' banner='999' ]