Голем хуманитарен проект за едукација на децата: „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Близу 2.000 деца од 60 градинки ширум Македонија ќе учествуваат во креативни и едукативни работилници за зачувување на животната средина

0
171

Како општествено одговорна компанија, Битолската млекара започна нов голем проект под името „Собираме и ре-креираме со Бимилк“ чија главна цел е поттикнување на навиките за зачувување на животната средина уште од најрана возраст.

Проектот подразбира реализација на едукативни работилници наменети за деца од 4 до 5 години, а во нив се вклучени близу 2.000 деца од повеќе од 60 градинки ширум државава. Се работи за иницијатива во која Бимилк ги поттикнува децата да собираат празни амбалажи од Битолско млеко и од нив понатаму да изработуваат разни корисни предмети што може да имаат секојдневна употреба, со цел уште од најрана возраст да ја научат важноста за рециклирање и зачувување на животната средина.

Истовремено, проектот има цел да ја поттикне и хуманоста кај децата бидејќи на крајот предметите ќе бидат изложени на голем хуманитарен базар на кој собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детско село Македонија.

„Навистина ми претставува големо задоволство што го започнуваме овој проект, особено зашто преку него истовремено допираме повеќе значајни сегменти на општеството. Со овие работилници не само што ги едуцираме децата за екологијата како важен аспект на општеството, туку истовремено ја поттикнуваме и нивната хуманост бидејќи со нивниот ангажман тие, всушност, помагаат онаму каде што е најпотребна помош. Дополнително, преку креативна дружба со препознатливото Битолско Чупе, ќе ги учиме и за важноста од стекнување здрави навики и консумирање млеко и млечни производи уште од нивното рано детство“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Придонесот кон заедницата е важен дел од корпоративната стратегија на Бимилк, помагајќи во повеќе области и искрена солидарност кон децата. Во таа насока, со цел да придонесе и во доменот на екологијата, Бимилк го најави овој проект што е наменет токму за најмалите, со цел грижата за природата да почне уште од најрана возраст.

„Оваа година едукативните работилници ги започнуваме како пилот-проектшто ќе се спроведува во градинките во Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Пробиштип, Охрид, Гевгелија и Кавадарци, меѓутоа нашата искрена заложба ќе биде да продолжи и во наредните години, со цел пораките за чување на животната средина, негување на здравјето и поттикнување на хуманоста да допрат до колку што е можно поголем број деца од цела Македонија“, додаде Јанкуловска.

Инаку,проектот е поддржан од Министерството за труд и социјална политика, а се реализира во соработка со специјализираната невладина организација „Дану Филантропија ЈИЕ“

[better-ads type='banner' banner='999' ]