Како да му помогнете на детето кога му растат заби?

Избивањето на првите запчиња кај бебињата е прилично болно за нив, а тоа, се разбира, ја заматува нашата радост поради појавата на првото запче. Еве како да им помогнете

0
1686

Кога на бебињата им раснат првите запчиња, не само што им отекуваат непцата и ги болат, туку честопати е тоа придружено со диареја, а детето е плачливо, особено ноќе. Бидејќи сите деца минуваат низ овој период, постојат многу бабини испробани лекови кои го олеснуваат избивањето на запчињата и на децата им ја намалуваат болката, а на родителите им го враќаат мирниот сон. Еве го нашиот предлог.

Масажа со помош на шафран и мед

Ако непцата на детето се отечени и го болат, ќе помогне масажата со помош на овој мелем.

Состојки:

1 прстофат шафран

1 лажичка мед

Упатство:

Помешајте ги шафранот и медот и со врвот на прстот земете од смесата и нежно масирајте ги непцата на детето. Повторувајте ја масажата три пати дневно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]