Како да го облечете детето во зима?

Основно правило за облекување на децата за прошетка во зима гласи: Облечете го детето онака како што сте облечени и вие, а на бебињата им треба еден слој облека повеќе отколку вам.

0
964

Кога надвор има снег и е многу ладно добро е детето да има скафандер и чевли или чизми што не пропуштаат вода. За малите деца се потребни и шал, капа и ракавици, а ако детето се намокри треба да се преслече. Основно правило за облекување на децата за прошетка во зима гласи: Облечете го детето онака како што сте облечени и вие, а на бебињата им треба еден слој облека повеќе отколку вам. На детето не треба да му се става ништо преку лицето затоа што е добро тоа да дише слободно и да ги чисти дишните патишта на свеж воздух. Воздухот под шалот се кондензира, па ако пределот околу устата и носот на бебето е влажен, полесно се развиваат микроорганизми. Битно е малите деца не се претоплуваат затоа што бебињата кога ќе се родат се уште немаат во целост развиен центар за терморегулација.

За бебињата кои се се уште во количка добра опција е зимски муф и ќебенце за покривање па бебето во текот на прошетката може да се раскомоти. Ако на бебето му протече носето за време на прошетката не се грижете, кога ќе влезете на топло би требало да престане. Кожата на лицето и на рацете кои се изложени на ладниот воздух треба да се заштитат со крем кој е прилагоден за измските месеци за кожата да не испука од студ и од ветар.

Децата го сакаат снегот и уживаат во игрите на снег. Спретни се за лизгање и скијање и лесно можат да ги научат овие спортови од мали нозе затоа што немаат страв. Околу четвртата година можат да лизгаат и да скијаат доколку покажат интерес за тоа. Децата немаат страв и се чувствуваат важно кога ќе научат некоја нова активност. На санкање и на обично „тепање“ со топки од снег можат веднаш штом ќе научат да стојат. На почеток е потребно некој да ги држи на санката, а подоцна како што ќе растат, ќе можат и самите. Не е страшно ако детето во текот на играта го погодат во лицето со снег, од тоа нема да настине, но секако треба да им се обрне внимание на децата да го избегнуваат гаѓањето во лице. Пуштете ги своите деца да си играат на снегот. Предностите врзани за здравјето на децата кои престојуваат надвор во зима се долгорочни. Затворените простори, а особено игротеките се погодни за развој на вирусите кои брзо се шират од едно на друго дете.

[better-ads type='banner' banner='999' ]