Без паника: Бронхитот се лекува за 10 дена

Воспалението на бронхиите во најголем број случаи го предизвикуваат вирусните инфекции, и тоа најчесто во зима. Бронхитот се појавува во два облици, како акутен и како опструктивен, и обично се надоврзува на некоја од болестите на горните дишни патишта, како што се кивањето, воспалението на ждрелото или гркланот.

0
7438

Воспалението на бронхиите во најголем број случаи го предизвикуваат вирусните инфекции, и тоа најчесто во зима. Бронхитот се појавува во два облици, како акутен и како опструктивен, и обично се надоврзува на некоја од болестите на горните дишни патишта, како што се кивањето, воспалението на ждрелото или гркланот.

На акутен бронхит, велат педијатрите, треба да се посомневате кога детето три-четири дена има сува кашлица, а за конечна дијагноза неопходно е да почне секреција. Тоа обично се случува по четири-пет дена, кога со кашлицата и кивавицата може да се појави и зголемена температура и отежнато дишење. Меѓутоа, овие тегоби не се задолжителни придружници на бронхитот.

Сируп кога ќе почне секретот

Додека детето само кашла, треба да му се даде лек против кашлица. Не за искашлување, туку против кашлица. Сирупите за искашлување се воведуваат подоцна, петтиот, шестиот ден, кога обично и се појавува секретот. Родителите на своја рака смеат да даваат само лек против кашлица, но не и антибиотици. Нив по прегледот и според потребата може да ги препише единствено лекар, појаснуваат педијатрите.

Болното дете треба да:

– мирува дома
– да ја зема препишаната терапија
– да внесува што повеќе течности, најдобро вода, чај и лимонада
– да јаде кашеста храна, супи и чорби

Успешно се лекува

Иако родителите знаат да се испаничат кога детето ќе добие бронхит, причини за паника нема, бидејќи акутниот бронхит успешно се лекува. Сите симптоми, вклучувајќи ја и кашлицата, поминуваат за седум до 10 дена, а многу ретко се случува овој бронхит да се искомплциира и да прејде во пневмонија. Тоа, велат педијатрите, обично се случува кога имунитетот на детето е ослабен или е инфициран со бактерија или посилен вирус.

Иако симптомите се слични, опструктивниот бронхит бара далеку поголемо внимание, подолго и потешко се лекува и може да прерасне во астма.

Кај опструктивниот бронхит дишното стебло е стеснето, што може да доведе и до гушење. Ги разликува и тоа што кај опструктивниот бронхит при издишувањето на воздухот се слуша шиштење, свирење, објаснуваат лекарите.

Инхалирање дома
Фактор за појава на опструктивен бронхит е често алергијата, но може да биде и вирусна инфекција.

Овој тип бронхит, доколку станува збор за некој потежок облик, главно се лекува со инхалирање и капки во носот, пришто начинот на инхалирање се одредува според возраста на детето. Лекарот е тој којшто ја одредува дневната доза на супстанциите за инхалација и капки. Сега и на пазарот постојат повеќе видови инхалатори па со консултација со лекар терапијата може успешно да се спроведува и дома, велат педијатрите.

За лекување на потешките облици на опструктивен бронхит понекогаш се користат и корикостероиди, низ инхалација и како инјекции. Многу е важно детето да престојува во проветрена просторија и да зема доволно течности.

Вирусите, предизвикувачи број еден

Акутниот бронхит, наведуваат педијатрите, во 70-80 случаи ги предизвикаат вирусите. Нејчесто респираторни синцицијални, риновируси, вируси на инфлуенца, потоа аденовирус. Во останатите 20-30 отсто случаи причинители се бактериите: hlamidia trahomatis, bordatela pertutis, pneumokok и hemofilus тип Б.

[better-ads type='banner' banner='999' ]