Ја фотографирал ќеркичката која имала трансплантација на црниот дроб

Еден австралиски фотограф направил моќна фотографија на својата четиригодишна ќеркичка во знак на благодарност до анонимните донатори на органи и нивните семејства

0
308

Ќеркичката на австралискиот фотограф Мет Ворнер, Инди, имала трансплантација на црниот дроб на возраст од седум месеци. Таа е родена со  билијарна атрезија, состојба опасна по живот кај доенчиња, при која жолчните канали внатре или надвор од црниот дроб немаат нормални отвори. На децата со вакво пореметување им е неопходна трансплантација за да останат во живот.

Нејзиниот татко вели дека секогаш кога ќе ја погледне ќерка си помислува на нејзиниот донатор.

Сега Инди има четири години и прави белји како и секое дете на нејзина возраст.

Инди со гордост ја носи лузната, а нејзиниот татко ја фотографирал облечена како боксер како симбол на нејзината храброст, но и во знак на благодарност за донаторот и неговото семејство.

[better-ads type='banner' banner='999' ]