Истражување: Пушењето во бременоста посилно влијае врз внуците отколку врз децата

Ако бабите пушеле во бременоста, можеби со тоа ги поттикнале аутистичните особини за своите внуци

0
882

Пред неколку дена во медиумите се појави веста дека пушењето во бременоста влијае дури и врз третото поколение, но само кога станува збор за женски деца. И тоа не е се – се наведува дека ако бабите пушеле во бременоста можеби со тоа ги поттикнале аутистичните особини за своите внуци.
Истражувањето е спроведено од страна на научниците од Универзитетот во Бристол, во кое се анализирале податоци од 14.500 учесници односно деца од прашалниците кои се правени во 90.години.

Резултатите покажале дека постои 53 отсто поголем ризик од дијагноза на аутизам за внуците на оние жени кои пушеле во текот на бременоста, а утврдено е дека сите тие имаат дури 67 отсто поголема веројатност за лоши социјални вештини и повторувачки однесувања, кои се до некаде и релативно слични на благите симптоми на аутизам.
Погодени се навистина само жените, а истражувачите имаат теорија: тие веруваат дека пушењето може да ја оштети митохондриската ДНК, која се пренесува само преку женската линија.
Коментирајќи го истражувањето, главниот автор Жан Голдинг објаснил: „Веќе знаеме дека заштитата на детето од чадот од цигари е една од најдобрите работи кои жената може да ги направи за да му овозможи на детето здрав почеток на животот.
Сега утврдивме дека непушењето во текот на бременоста може да им овозможи подобар почеток и на внуците“. Ова го потврдил и коавторот на студијата, професор Маркус Пембри кој додал: „Се фокусиравме на специфичната врска помеѓу бабите и нивните внуки затоа што го сфативме следното: Знаеме дека пушењето може да ја оштети митохондриската ДНК – бројните „снаги“ содржани во секоја клетка, а митохондриите се пренесуваат само на следните генерации преку мајчините јајца. Но, бидејќи таквите мутации на митохондриската ДНК немаат јасно влијание кај мајката, сепак сфативме дека тоа може да се зголеми кога ќе се пренесе на следната генерација на деца. Односно, докажано е дека ефектите на промените не се забележуваат кај децата, во овој случај кај мајките, но затоа многу посилно се изразуваат кај следната генерација – значи, кај внуците.“

[better-ads type='banner' banner='999' ]