Интересни и практични начини како да го смирите расплаканото бебе

Откако ќе проверите дали е гладно, ќе го пресоблечете и ќе го разладите или затоплите, во зависност од тоа што мислите дека е проблемот, пробајте и други алтернативи - пуштете правосмукалка, изнесете го од дома, возете го во автомобил, дајте му го на таткото, бабата, братчето...

0
1449

Бебињата плачат и со тоа мора да се помириме. Понекогаш е тоа и поради тоа што сакаат да „пејат“, да ги тренираат гласните жици.

Иако, тоа може да биде и затоа што се гладни, нервозни, затоа што им се спие, затоа што треба да се преслечат, имаат проблеми со варењето, жешко им е или ладно, треба да подждригнат, …

Не постои некое универзално правило како да го натерате бебето да престане да плаче. Меѓутоа, можете да се обидете да го смирите со неколку трикови и секако да откриете која е причината за плачењето и нервозата. Така ќе знаете и како полесно да го смирите.

Први чекори

Проверете која би можела да е причината за плачењето (гладно е, ладно му е, го боли стомачето…) и тие проблеми можете брзо да ги решите. Но што ако е бебето нервозно и едноставно вознемирено или пак не ја знаете причината поради која плаче? Смирете го со овие трикови додека не сфатите за што станува збор или додека, во краен случај, не се консултирате со лекар.
Секако, можете да го „замаете“ со помош на играчки, музика, песна, слики,…Но тоа не помага секогаш.
Ако бебето има проблеми со варењето префрлете го нежно преку раката и полека масирајте му го грбчето. Можете да се обидете да го смирите и такашто ќе го земете цврсто во прегратка и ќе го држите на градите, ќе се обидете да се смирите и самите и полека да дишете. Бидете упорни.

Правосмукалка

Откако ќе дојде на свет, на бебето сите звуци му се необични и многу појасни, па и побучни. Тоа може да го вознемири. Вклучувањето на правосмукалка, вентилатор, фен или звуците на дождот и брановите (кои ја произведуваат т.н.бела бучава), можат да го смират. Имено, тие звуци се најслични на оние кои ги слушало додека било во вашето стомаче.

Возење

Земете го бебето и возете го во автомобил. Вибрациите, позадинските звуци и постојаните промени на правецот на движењето, го потсетуваат на времето кога мирно си „живеело“ во вашиот стомак.

Промена

Бебињата понекогаш сакаат промена – сакаат да се дружат и со другиот родител или можеби со вашата сестра, со братчето или со бабата. Дозволете им и ним да се обидат. Исто така, можно е вие да сте вознемирени и нервозни и тоа бебето да го чувствува и да го прави нервозно и исплашено.

Излезете од дома

Иако се плашите дека бебето ќе вреска и надвор од дома, имајте на ум дека тоа би можело да го смири. Одете кај пријателите, кај роднините или кај вашите родители. Промената на средината, новите звуци и мириси можат да му го свртат вниманието на бебето и да го смират.

Смирување

Постојат на пазарот и некои цуцли за смирување, кои испуштаат смирувачки звуци додека бебињата ги цицаат, а можете на бебето да му пуштите и сморувачки звуци на бела бучава (бранови) кои ќе му помогнат да се смири и полесно да заспие.

[better-ads type='banner' banner='999' ]