И самиот аутистичен Алекс Луери тврди дека родителите не знаат многу работи за своите деца и за аутизмот воопшто. Тој има 22 години, а на 4-годишна возраст му е дијагностициран класичен аутизам.
Денеска, 18 години подоцна, тој е посветен на подигање на свеста за аутизмот, пишување блог и снимање филмови. Исто така, автор е на книга и мотивациски говорник.
Како што вели, по дијагнозата се нашол на страшно место кое и денеска понекогаш го плаши. Му приоѓаат родители кои имаат деца со некое пореметување од аутистичниот спектар и бараат од него совети,, а тој тврди дека родителите не знаат многу работи за своите деца и генерално, за аутизмот. Ова се пет работи кои тој сака да им ги разјасни:
Аутизмот не значи дека е детето изгубено
– Родителите на мали деца на кои им е дијагностициран класичен, тежок облик на аутизам, често знаат да кажат дека аутизмот им ги одзема на нивните деца разумот и душата и дека зад себе оставил само празно тело. Сакам да им помогнам на сите родители да сфатат дека разумот на нивното дете е се уште таму“, објаснил Алекс, кој за себе вели дека на свои 4 години зборувал на некој свој јазик, но дека неговото ниво на разбирање на другите и на работите кои тие ги зборуваат билозастрашувачки високо. Заради сето тоа, светот му изгледал како страшно место, исто како и луѓето што го опкружувале.
Ако децата не зборуваат, не значи дека не можат да мислат
Некои деца со аутизам научуваат да зборуваат, некои не можат. Но тоа не значи дека немаат што да кажат. Важно е родителите никогаш да не се откажуваат од комуникацијата со своето дете, советува Алекс, без оглед дали ќе комуницираат на знаковен јазик или такашто ќе ги отчукаат своите емоции на тастатура.
– Има деца со аутизам кои не се способни да зборуваат, но преку тастатурата на компјутерот покажуваат голема интелигенција – истакнал тој.
Не можете да ја предвидите иднината
На повеќето родители, кога на нивното дете ќе му дијагностицираат аутизам, им потонуваат сите бродови и соништа. Почнуваат да зборуваат дека детето нема никогаш да стане самостојно, независно, дека нема да студира, ниту да се вработи. Нивното дете никогаш нема да има иднина. Алекс Луери им порачува на тие родители дека ничија иднина не е запишана во камен. Ако се борат за своето дете и му обезбедат вистинска и правилна поддршка, резултатите можат да ги изненадат.
Луѓето со потешкотии не треба да се ограничуваат
Родителите на децата со аутизам, но и со други потешкотии, имаат тенденија да ги завршуваат работите наместо нив, наместо да ги учат како да ги завршат самите. Тие деца потоа немаат вештини кои им се потребни за да бидат посамостојни. Сум виделл возрасни луѓе со аутизам кои не знаат сами да се облечат, иако е очигледно дека се способни за тоа – вели Алекс, додавајќи дека, секако, не се сите способни за самостојност, ни дека треба да им се овозможи да го искажат својот максимум. Со вистинска поддршка, смета Алекс кој и самиот се уште учи многу работи, се е можно. Се обидува да се научи да се снаоѓа во јавниот превоз, за да може да оди до местата кои му се познати.
Со вистинска количина на поддршка знам дека ќе успеам да научам да соработувам со светот. Исто така верувам дека повеќето луѓе со аутизам, со вистинска поддршка, можат да водат успешни животи, вели тој.
Луѓето со аутизам не престануваат да напредуваат во одредени години
Многумина сметаат дека аутистичните лица со 16 години го достигаат својот врв и дека е тоа – тоа, дека ништо понатаму не можат да научат. Тоа не е точно, тврди Алекс, кој вели дека аутистичните учат и кога се повозрасни и дека се и тогаш способни да остварат напредок. Некои од нив учат во текот на целиот живот, без престан. Ова е порака за родителите кои понекогаш мислат дека е предоцна за нивните деца.