Има ли нешто пострашно од тоа кога ненадејно ќе почине дете?

Деновиве, во Скопје почина едномесечно бебе, а многу се пишуваше и за ненадејната смрт на тригодишното синче на српски актер. Како да ги намалите ризиците од СИДС?

0
1600

Науката вели дека тој синдром најчесто се случува кај машки бебиња на возраст од четири до шест месеци, но го има и кај постари деца, како што е во случајот со малиот Дејан Тодоровиќ.

Најчесто ова се случува во сон, но може да се случи и како последица на ретки метаболитички болести за кои не се знаело.

Често се случува причината за смртта да остане неразјаснета.

Почесто овој синдром се случува во зимскиот период.

Синдромот на ненадејна детска смрт (SIDS) се смета за состојба кога ненадејно ќе почине дете помладо од една година, а не постои ниту едно објаснување зошто тоа се случило.

Во светот постојат голем број истражувања за причините за ненадејна смрт кај децата затоа што и покрај сите расположиви дијагностички етоди и обдукциски наоди, причината останува неразјаснета.

Досегашните истражувања главно покажале дека причина можат да бидат респираторни пореметувања, потоа пореметувања на функцијата на централниот нервен систем, на центарот за контрола на бидната состојба, гушење предизвикано од регургитација на желудочната содржина и аспирирање во дишните патишта, како и пореметување на срцевиот ритам.

Како најчести фактори кои доведуваат до СИДС, од американскиот национален здравствен институт ги наведуваат:

Бебето тешко се буди
Потешкотии на организмот да го детектира вишокот на јаглероден диоксид во крвта
Спиењето на стомак или на колк
Спиење на исклучително меки површини
Спиење со родителите
Прерано раѓање или мала тежина на раѓањето
Изложеност на бебето на чад од цигари – и во текот на бременоста и по раѓањето
Недоволна пренатална нега
Сиромаштија
Тоа што е бебето едно од близнаци или тројки, четворки, итн.
Кратко растојание помеѓу бременостите

Превенција:

LiveScience пишува за препораките на Американската педијатриска академија.

Стручњаците советуваат:

Бебето да спие на грб (Спред податоците на Аериканската педијатриска академија, оа ја наалува вверојатноста за СИДС дури за 50 отсто)
Детето би требало да спие на потврда подлога.
Бебето не би требало да спие во ист кревет со родителите, но креветчето треба да биде во истата соба
Во креветчето не би требало да има перничиња, непотребни ќебенца и кадифени играчки.
Температурата во просторијата не би смеела да биде превисока

Не користете производи кои можат да се најдат на пазарот, а кои се рекламираат како превентиви за синдромот на ненадејна срт затоа што ниту еден од нив не е одобрен од надлежните институции ниту пак е тестирана нивната безбедност и ефикасност
Не го терајте бебето да користи цуцла, но доколку сакате, дајте му ја во текот на дремењето или спиењето.

Освен тоа, се препорачува и доењето како одлична заштита затоа што така се намалува веројатноста да се развијат инфекции на дишните патишта.

Освен кај доенчиња и мали деца, од синдром на ненадејна смрт, според Дејли меил, секоја недела во Британија умираат во просек 12 млади луѓе на возраст до 35 години.
Се верува дека има 130 000 луѓе кои имаат недијагностицирани проблеми со срцето, кои може да завршат со ненадејна смрт.
Осумдесет отсто од нив, немаат никакви тешкотии или симптоми кои би укажале дека нешто не е во ред.

[better-ads type='banner' banner='999' ]