Ротари клуб Скопје Вест, заедно со Една може!, единствената граѓанска организација за унапредување на правата на еднородителски семејства во Република Македонија на 15 јуни во 20 часот во Концепт центарот „Јавна соба“ организираат хуманитарна аукциска вечер.
Оваа хуманитарна акција е посветена на подигнување на свеста за постоењето дискриминација кон децата од еднородителските семејства. Лајт мотив за овој настан е визијата за рамноправен свет за сите деца.
Влезницата за настанот изнесува 300 денари и со неа следува промо примерок од серијата органски производи на Социјалното претпријатие “Една прави”, пијалок за добредојде и можност за купување на висококвалитетна уметност, по достапни цени, се вели во соопштението од „Една може“.