Грди навики на децата кои се одраз на родителското однесување

Ако вашето дете покаже некое грдо однесување, бидете свесни дека тоа најверојатно потекнува од вас. Еве кои се најчестите лоши навики кои се учат од родителите.

0
1766

Децата се одраз на родителите и затоа е многу важно да сфатите дека тие постојано ги преземаат вашите обрасци на однесување и ги применуваат. Затоа, ако вашето дете направи нешто грдо, бидете свесни дека тоа потекнало од вас.

Премногу се зависни

Родитрелите кои се презаштитнички кон децата ги прават зависни од себе, а потоа и од другите. Децата кои навикнале некој друг секогаш да ги решава нивните проблеми, постојано да им го расчистува патот и да носи одлуки место нив, се посклони кон лошо снаоѓање во животот. По овој образец тие продолжуваат да бараат луѓе кои ќе можат да ги водат во животот со тенденција да станат зависни од нив.

Прекинуваат

Ако се родителите склони „да му упаѓаат некому во збор“, нивните деца ќе го прават истото. Секогаш дозволете му на своето дете да ви каже се што сака, да се искаже до крај. Не дозволувајте си себеси да си бидете поважни од детети и дајте му простор да се изрази. Научете го колку е важно да ги сослуша другите и да го почека својот ред за зборување.

Непочитување на возрасните

Ќе има моменти кога некој друг ќе треба да го причува вашето дете. Вашите роднини, бебиситерка, пријатели, соседи…Доколку не се трудите да го воспитате детето така за да ве почитува вас, тоа нема да ги почитува ниту другите. Со тоа автоматски создавате лоа слика за себе и за вашето дете.

Претерано делење

Децата од најрана возраст се учат да ги делат работите. Ако не го научите детето дека некои работи не треба да се изнесуваат надвор од домот, тоа самото нема да прави разлика помеѓу приватноста и јавноста. Не сакате валканата облека или интимата да се изнесува од дома или кога ќе ви дојдат гости? Научете го своето дете што останува во домот а што може да се подели со другите.

Пријатност и култура

Никогаш не е премногу рано да го научите детето да биде пријатно и културно. Тоа мора да ги знае оснивните зборови за пријатност како што се: извини, благодарам, те молам и тн. Децата се учат на култура од најрана возраст.

[better-ads type='banner' banner='999' ]