Фотографија што ја подели јавноста (Што мислите вие?)

Од моментот кога на пазарот се појавија поводници за деца, не престануваат расправиите и коментарите на родителите на оваа тема

0
1262

Пред неколку дена на фејсбук страната Dnevna doza prosječnog Dalmatinca се појавила фотографија на една мајка која на кејот во Сплит го шета на поводник своето дете.

За само неколку часа фотографијата предизвика лавина од коментари, негативни, но и позитивни. Додека некои мислат дека е ова исклучително практично, некои го сметаат за грдо и нехумано.

Госпоѓа, чиј син денеска има 40 години напишала дека таа користела поводник уште во далечната 1978 година. Го купила во Трст и истакнува дека во тоа време тоа не предизвикувало негативни реакции туку напротив, многу мајки ја прашувале каде можат да си купат и тие. На ова се надоврзува друга госпоѓа која пишува дека детето треба да се воспитува, а не од него да се прави дивјак и потоа да се води на поводник.

„Бог да чува….не се децата домашни миленици. Болно!!!!“ – е еден од коментарите на жена која вели дека треба мајката да се закачи на поводник, а не детето. Некои заклучуваат дека вакво нешто можат да користат само мрзливи луѓе кои не сакаат малку да потрчаат по детето. Има и коментари во кои пишува дека на овој начин детето се омаловажува. Според некои, ова го забавува и детскиот развој.

Освен негативни, има и позитивни коментари: „Кога имаат 2-3 години децата мислат дека знаат се и дека можат се. Во тој период поводникот е совршено решение за да се спречат незгоди и несреќи“ – напишала една мајка.

На ова се надоврзува и друга која вели дека иако изгледа лошо од страна, овој поводник е всушност многу практично решение. „Детето може нормално да се движи, самостојно е, и всушност тоа ја води мајката, а не таа него“ – стои во коментарот.

Што мислите вие?

[better-ads type='banner' banner='999' ]