Фетаи: Се омажив на 17 години, растев во средина каде беше срамота жена да вози (ВИДЕО)

Обвинителката Фетаи рече тое не било пречка да го оствари својот сон да се стане врвен правник.

0
1618

Обвинителката Фатиме Фетаи, деновиве по повод осми март имаше свое излагање на панел дускусијата организирана по повод 8 Март, во ЕУ Инфо центарот  со наслов „Да направиме нештата да се случат – економските, политичките и социјалните достигнувања на жените и нееднаквостите кои останува да се поправат”.

Фетаи отворено говореше како од дете израснато во работничко семејство и традиционална средина може да се стане врвен правник кој ќе остави белег во општеството.

– Родена сум како трето дете во работничко семејство. Во село Неготино, Гостиварско, го поминав детството и основното образование кое траеше пократко, а во средношколските денови во Боговиње, Тетовско, созреав и се заљубив во едни сини очи и се омажив на 17 години. Но и тогаш бев убедена дека можам да станам човек со висок потенцијал. Свесна бев за тешкотиите со кои ќе се соочам во моето образование. Моите родители беа работници кои можеа да ми дадат само вербална поддршка, но бев цврсто определена дека ќе застанам на свои нозе и ќе го постигнам она што го замислував како дете – да станам успешна жена и да оставам некој белег во општествениот живот – рече Фетаи.

Таа зборуваше за своите амбиции кои биле пресудни да продолжи да се образува при што голема поддршка имала од нејзиниот сопруг.

– Во една таква традиционална конзервативна средина во која, во тоа време, беше срамота жената да вози кола или да носи очила за сонце, знаев дека тешко ќе ми биде да ги остварам моите соништа. Но јас верував дека ќе го остварам она за што копнеев во детството. Одлучив јас да го водам животот и докажав дека и од традиционална средина може да се постигне сонот – рече Фетаи.

Целиот говор на Фетаи погледнето го во видеото.

FF

Posted by Anita Latifi on Вторник, 7 март 2017

[better-ads type='banner' banner='999' ]