Еве одлична идеја што да направите кога децата ќе го ишараат тукушто обоениот ѕид

Наместо да ги карате, да бришете или да пребојувате, урамете го цртежот па макар бил и обична чкртаница

0
123

Како вие реагирате кога детето среде белиот ѕид ќе ви нацрта или начкрта нешто?

Ако обично се лутите, го карате и се обидувате да исчистите, обидете се овојпат да направите нешто многу подобро и за вас и за детето, па и за ѕидот.

Оваа мајка на пример, решила да стави рамка врз цртежот (зелена куќичка среде белиот ѕид) и да направи вистинско уметничко дело. До рамката залепила ливче како што се прави тоа во галериите и ги напишала сите важни информации. На цртежот му го дала насловот Interrupted House, ги напишала името и возраста на авторот, како и техниката, додавајќи: „Станува збор за ненадеен подарок за родителите од нивното дете, 13 ноември“.

Таткото го објавил ова на Твитер и додал: „Децата ќе прават работи кои не смеат, но многу помага ако сте оженети за некој со одличен смисол за хумор“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]