И додека кај нас децата јадат главно пецива, бурек и сендвичи, учениците во различни земји од светот имаат навистина голем избор на оброци за време на училишниот одмор.
На пример, супа од од риба со тофу и ориз, печено свинско и пржено пилешко, а се наоѓаат и уште разноразни егзотични вкусови. И сето тоа им се сервира на учениците во САД, Шпанија, Украина, Грција, Јужна Кореја, Бразил, Франција, Финска и Италија.
Американско мени:
Децата во Америка јадат главно нездраво, а менито се состои од маринирани медалјони од пилешко со кечап, а како десерт добиваат и кекси со чоколадо.
Италијанско мени:
Малите Италијани јадат балансирана храна, со тестенини, риба, два вида на салати, леб и грозје за десерт.
Финско мени:
Финците многу внимаваат на исхраната на децата, а менито се состои од комбинација на вегетаријанска исхрана како главно јадење, супа од морков и кељ, а за десерт имаат палачинка со овошје.
Јужнокорејско мени:
Учениците Јужна Кореја се храната со брокула, пиперки, пржена риба со тофу, зелка и рибја супа.
Француско мени:
Малите Французи на менито имаат слабо печен одрезок, боранија, моркови, а за десерт добиваат киви, јаболко и пудинг.
Бразилско мени:
Бразилците уживаат во комбинација од традиционални вкусови како што се бразилски ориз и црн грав, свинско со пиперки и зелена салата.
Шпанско мени:
Шкампи со кафеав ориз, гаспачо, пиперки, парче леб со семки и половина портокал – така се хранат децата од пиринејскиот полуостров.
Украинско мени:
На менито на децата во Украина има боршч, зелка и колбаси, а како десерт добиваат палачинка со пекмез.
Грчко мени:
Малите Грци за време на одморот добиваат пржено пилешко со јачмен, сармички од лозов лист, салата од краставици и домати, а за десерт – јогурт со шипка и две мандарини.