„Каква луда ноќ. Се уште сум под впечаток на се што се случи. Се вљубив во овој малечок и во неговото семејство. Едноставно, немам зборови со кои би го опишала сето она што се случуваше пред моите очи, сето она во што можев да учествува. Малечкиот едноставно не можеше да чека повеќе ниту минута“, напишала под фотографијата фотографката на породувања на која буквално и се остварил нејзиниот професионален сон. Да се биде дел од ваков трогателен настан и да се има можност да се фотографира буквално се!
Ако се уште не сфативте – овие родители го дочекале своето бебенце на малку невообичаено место – во автомобил! Таткото се паркирал и и помогнал на сопругата да се породи на предното седиште од автомобилот. Тоа е породување од кое веројатно се плаши секоја трудница – оној страв дека нема да стасате на време, дека вашиот исто така преплашен сопруг ќе мора да ве породи сам, во темница, некаде на патот… Но, кога се ќе помине како што треба,. Без проблеми, сосема природно и со толку емоции, секоја мајка знае дека тоа ќе биде приказна за прераскажување.
За воодушевувањето на оваа фотографка на породувања на која во една луда, целосно неочекувана ноќ и се остварил сонот – доволно зборуваат нејзините фотографии.
„Да се биде дел од сето тоа, да се има можност за фотографирање и да се помага од заднпто седиште на автомобилот, е нешто толку лудо и воедно смирено што не може да се опише со зборови“, опишала фотографката укажувајќи на мноштвото емотивни детали кои извираат од нив.
Погледнете ги овие фотографии на кои е фатен оној момент на успокојување на малечкото на стомакот на мајката и таткото кој ја завршил лавовската работа, а сепак останал видливо шокиран од целиот настан.