Љубовта, читањето приказни и играта со нив се основни за развој на бебето. Низ овие активности децата се развиваат уште од првиот ден и токму тие им помагаат во развојот.
Бебињата учат да препознаваат луѓе, истражуваат и се запознаваат со предметите, звуците, текстурите, па во првата година најмногу ќе им одговараат тропалчиња кои не можат да се скршат, платнени, картонски и водоотпорни книги. Малите деца ќе уживаат да туркаат и влечат, да си играат со топка, пластелин, кукли, со животински фигури, книги, сложувалки, во качување провлекување и многу други активности кон кои ги води фантазијата.
Обидете се да ги избегнете електронските играчки како таблет или телефон, затоа што тие прават нешто што бебињата не го разбираат.
Времето кое се троши со таблет му оневозможува на детето да ги користи секојдневните моменти како можност за учење.
Децата учат низ игра, ги развиваат моторичките и когнитивните способности, а вие како родители, сте им прв другар на овие најважни и најзабавни часови на светот. Низ игра им покажувате разни работи кои треба да ги научат во животот, но и тоа дека секогаш ќе бидете тука за нив.
Така нераскинливата врска само се засилува: Но во оваа авантура потребна е уште една работа, а нивниот избор не е толку едноставен. Затоа обрнете внимание на овие работи:
Големината на играчките
Не смеат да бидат ниту преголеми ниту премали. Треба да ги проверите сите детали на нив затоа што ако постои можност некој дел да се откине, секогаш постои можност од гушење. Играчките пак кои се преголеми за детето, како на пример, велосипед и други играчки за надвор, лесно можат да доведат до непотребни незгоди и падови.
Побарајте ја ознаката CE на етикетата
Правилата за безбедност кои мораат да ги задоволат играчките наменети за децата помлади од 14 години, ги задолжуваат производителите да ги почитуваат строгите правила за незапаливост, механички, хемиски и електрични свосјтва. За да бидете сигурни дека е играчката безбедна, проверете дали ја носи ознаката CE и дали на пакувањето пишува дека производителот гарантира дека е произведена во согласност со тие правила. Исто така, проверете дали на етикетата го пишува името на производителот и на увозникот.
Соодветност за возраста
Секоја играчка треба да има ознака за тоа за која возраст е наменета. Без оглед на ознаката сепак треба да внимавате затоа што не се развиваат сите деца со исто темпо, па можеби она што е наменето за вашето дете сѐ уште не е доволно безбедно за него. Секогаш бидете до детето кога си игра со нова играчка и кога во центарот на забавата му се балоните, без оглед дали се надуени или не. Ако е потребно, етикетата мора да содржи и предупредување за потенцијалните опасности.
Остри рабови
Важно е играчките редовно да се проверуваат за да бидете сигурни дека на нив нема некои скршени делови или остри рабови на кои детето би можело да се повреди.
Чистота
Иако е ова особено важно за бебињата и помалите деца кои ја ставаат во уста секоја играчка што ќе им ја дадете, исто така е важно да ги чистите и играчките кои се користат надвор.
Уредност
Понекогаш ни се чини бесмислено да ги редиме играчките кои се растурени низ собата кога и онака уште следниот ден ќе бидат повторно растурени насекаде по подот. Но лесно може да се случи да се сопнете на некоја од нив па затоа е важно да ги ставате на нивно место.