Две бебиња, двајца татковци, една матка

Сурогат мајка забременила додека веќе била бремена. Станува збор за суперфетација, односно, случај кога два потомци се развиваат во матката во различни фази на развој.

0
362

Сурогат мајката Џесика Ален забременила со свое дете додека го носела ембрионот на една двојка која ѝ платила 30 илјади долари за ИВФ-третман.
За време на рутински преглед, по шестата недела од бременоста, лекарите забележале дека постои уште еден фетус. Првично Ален и нејзиниот сопруг мислеле дека станува збор за близнаци за двојката која ја ангажирала.
Ален мислела дека станува збор за близнаци до моментот кога бебињата излегле од матката. Никогаш не ѝ била дадена шанса лично да ги види бебињата, но знаела дека постои разлика.

„Забележав дека едното е посветло од другото. Очигледно беше дека не се идентични близнаци“, вели таа.
Ален постојано имала чувство дека нешто не е како што треба, меѓутоа, не можела да открие зошто. Неколку месеци подоцна таа открила дека второто бебе не е близнак, туку нејзино биолошко дете. Ова предизвикало 10-месечна битка за враќање на детето во нејзиниот живот.

Генералното правило за бременост вели дека жената не може да забремени кога веќе еднаш е бремена. Сепак, она што ѝ се случило на Ален ретко се случува во светот на цицачите. Суперфетација е кога два потомци се развиваат во мајката во различни фази на развој.

Звучи како неверојатен висок ризик, но истражувачите велат дека всушност е ист ризикот како кога мајката носи близнаци. Најголем ризик е второто дете да биде прерано родено пред неговите бели дробови да можат целосно да се развијат.

Surrogate Mother Got Pregnant While Carrying Another Couple's …

This surrogate mom got pregnant while she was already pregnant

Posted by NowThis Future on Петок, 3 Ноември 2017

[better-ads type='banner' banner='999' ]