Дванаесетгодишно девојче ја породило својата мајка

„Тоа беше најубавиот момент во мојот живот“, вели Џејси Делапена, девојчето од Мисисипи кое не само што присуствувало, туку и помогнало да дојде на свет нејзиното братче.

0
334

Едно дванаесетгодишно девојче од Мисисипи доживеало необично искуство – ѝ помогнало на својата мајка да го роди бебето. Имено, Џејси Делапена на која родителите пред 18 месеци не ѝ дозволиле да присуствува на раѓањето на нејзината сестричка затоа што сметале дека е премногу мала, овојпат, не само што присуствувала на породувањето на својата мајка, туку и самата улествувала.
Џејси мислела дека е премногу ниска и дека нема да успее да види ништо од породувањето, па докторот и предложил да облече униформа и самата да ја породи својата мајка.

Девојчето, со помош на докторот го донела на свет своето братче и ја пресекла папочната врвца.
„Бев нервозна. Мислев дека некаде ќе погрешам, но тоа беше најубавиот момент во мојот живот“, изјавило девојчето за американските медиуми.
Мајка и пак вели: „Не се случува секој ден твоето најстаро дете на 12 години да го донесе на свет твоето последно дете“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]