ДОАЃА БЕБЕ, КАКО ДА ЈА ИЗБЕГНЕТЕ ЉУБОМОРАТА КАЈ ПОСТАРОТО ДЕТЕ

0
474
Секое дете носи радост и веселба, и подготовките за приновата се нешто посебно. Доколку се работи за втора бременост, мора добро да го подготвите постарото деете за приновата. Тоа сигурно не е лесна работа, туку еден голем предизвик.
Веројатно веднаш по објавувањето на втората бременост, ќе почнете да слушате „добронамерни“ коментари: „Сега ќе видите какви проблеми ќе ви прави постарото дете…“.
Позитивната страна на втората бременост може да биде тоа дека сега веќе имате многу повеќе самодоверба, па сите работи кои првиот пат ви претставувале проблем и поради кои понекогаш безпотребно сте се грижеле, сега ќе ги доживеете природно.
Овој пат проблемот може да се јави во ускладувањето на обврските помеѓу потребите на бебето и вашето постаро дете. НО, с добра воја и организираност и тоа може да се совлада.
На крајот, ви преостанува само да размислите како постарото дете ќе го подготвите за бебето и за неговата нова улога на постар брат или сестра.
Измешаните емоции кои можат да се јават кај постарото дете коже да се спречат, а љубомората и нападите на бес да се избегнат.
Некои од работите кои можете да ги сторите:
– Дозволете му на постарото дете активно да учествува во изборот на сите работи кои му ги купувате на бебето.
– Отидете со постарото дете на ултразвук и покажете му каде се наоѓа бебето.
– Помогнете му да ужива во новата улога со тоа што заеднички ќе комуницирате со бебето додека е се уште во стомакот на мајката.
– Дајте му до знаење дека малото бебе ќе бара многу време и внимание, но дека и покрај се ќе имате доволно време и љубов за него. Купете му некој посебен подарок со што ќе го наградите бидејќи станал поголем брат или сестра.
– Неважно е колку години има вашето дете, потребно е да помине еден период на адаптација. Важно е среќната вест самите да му ја кажете и не треба да бидете несигурни или загрижени. Постарото дете треба да се почувствува посебно поради тој настан со самото тоа што станува поголем брат или сестра. Раскажете му некоја приказна за него, за бременоста, за изборот на неговото име и при тоа покажете му фотографија кога бил/а мал/а. Објаснете му дека такво ќе биде и бебето кога ќе се роди, а покрај тоа објаснете му како се однесуваат бебињата.
– Вклучете го во секоај промена врзана за приновата, како и во набавката на работи за бебето или уредување на собата.
– Конечно, кога ќе стигне бебето дома, допуштете му на детето да учествува во се, од хранење до превивање на бебето. Иако ќе бидете исцрпени со бебето, обидете се да поминувате време и со постарото дете. Кога ќе може, таткото нека преземе што повеќе обврски околу бебето, за вие да можете да му се посветите на поголемото дете.
[better-ads type='banner' banner='999' ]