Џејми Оливер готви со бебето во рака

Многу од неговите следбеници на социјалните мрежи го критикуваат славниот шеф заради новата фотографија на која готви и истовремено во другата рака го држи бебето  

0
222

Да се пржи храна со едната рака, а во другата да се држи шестмесечно бебе изгледа дека не му е проблем на славниот британски готвач Џејми Оливер. Таткото на пет деца ја споделил оваа симпатична фотографија на својот профил на Инстаграм и добил повеќе од176 илјади лајкови, но и некои критики. Стручњаците за родителство и многу од неговите следбеници го предупредуваат дека оваа фотографија всушност треба да биде предупредување за тоа што не смее да се прави. Тие тврдат дека постои опасност детето да го прсне врело масло.

„Тоа е слатка фотографија, но тука се крие опасност. Што ако маслото од тавата почне да прска?“ објансила експертката за родителство Сју Аткинс за Дејли Мејл.

Многу од неговите следбеници пак го поддржуваат 41-годишниот готвач затоа што изгледа опуштено со синот во рака, а сметаат и дека има големо родителско искуство со оглед на тоа што со неговата сопруга Џулс ги имаат и 14-годишната ќерка Попи Хани, 12-годишната Дејзи Бу, 6-годишниот син Петал Блосом, петгодишната Бади Беар и 6-месечниот јунак од фотографијата, Ривер Рокет. Интересно е што тој и неговата сопруга го добиле првото дете со помош на вештачко оплодување, а сите останати деца се зачнати по природен пат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]