Девојчињата прерано стануваат девојки

Меги Хамилтон, авторка на книгата „Што им се случува на нашите девојчиња“ вели дека „прескокнувањето на детството“ станало општ тренд и загрижено им се обраќа на родителите за да им обрне внимание дека ништо од тоа не е добро.

0
282

Девојињата сега стануваат девојки во 10-тата година, затоа што уште тогаш почнуваат да се депилираат, да лакираат нокти, да ѝ го „крадат“ карминот на мама. Уште во претшколскиот период страдаат по брендирана гардероба, во четврто одделение држат диети, во 13.година разменуваат поради со сексуална содржина, а во 15-тата се во „сериозни“ врски.

Меги Хамилтон, авторка на книгата „Што им се случува на нашите девојчиња“ вели дека „прескокнувањето на детството“ станало општ тренд и загрижено им се обраќа на родителите за да им обрне внимание дека ништо од тоа не е добро.

„Тие го прескокнуваат детството, што им го скусува природниот процес на созревање“ – вели Хамилтон. „Мајките ги праќаат девојчињата на бразилска депилација штом ќе ја добијат првата менструација. Што е следното?

Нејзин заклучок е дека на девојчињата во позрели години повеќе ништо нема да им биде интересно, затоа што во период кога би требало да си играат со кукли, испробале се што некогаш било резервирано за возрасни. А притоа останале длабоко незрели.

[better-ads type='banner' banner='999' ]